Saturday, 19 August 2017

Спомени на Ѓорче Петров 6

Груев и Делчев на состаноци со врховнстите во Софија. — Преллогот од В. К. до Ц.К. за задружна работа. — Напразни преговори. — Мистериозен предлог до организацијата да прими на поклон големо количество пушки. — Разговори на Ѓорчета со видни личности во Софија. — Полно разочарение од луѓето околу В.К. на чело со генерал Николаев.

Една година, — пред 1895 — Даме беше доаѓал во Софија. Беше испратен од ЦК во Белгија да ја изучи таму од студентите вештината за борба со динамит. На врак`ање се наврати во Софија. Се сретнува со Врховниот комитет под претседателството на генерал Николаев. Даме отишол при генералот и без церемонии го прашал сосем интимно: „Е, господине генерале, како врви вашиот врховизам?” Тоа, речено небрежно и со танка иронија, му направило лош утисок на генералот и тој од тогаш не можеше хладнокрвно да си спомни за тој „гаменот“ — Груев. Груев тука се сретнува со сите од комитетот, и со Туфекчиев и со брак`а Иванови. Врховниот комитет не останал доволен од Груев ниту Даме од нив — не можеа да се разберат. Ние бевме во ентусијазирана положба, а тие, врховистите, во друга положба, и затоа не се разбрале.

Делчев исто така одеше два пати да се сретне со В.К. и се разделил со нив поостро од Дамета. При овие сретнувања се покажа, дека меѓу нас и нив има едно отворено прашање, кое што еднакво не` интересува. Штипскиот крај веќе беше отворил врата во Бугарија, се купуваа материјали, се зафак`аа врски со луѓе под раководството на Делчев. Па и нашата мрежа беше раширена достаточно, задачата ни се усложни и век`е го завртивме погледот и надвор за поткрепа и засилување. Ние веќе почнавме да се чудиме, што да правиме — далеку отидовме. И востанието во 1895 г., ни ги заврти погледите кон Бугарија. Луков, офицерот од востанието 1895 г., кој што дојде во Македонија, ни ја опиша положбата во Бугарија, односно В.К., дека тука имало прашање за да се постави В.К. на друта нога. Но ние уште не бевме во состојба да разбереме, како стои оваа работа, ами само се интересувавме за тоа. Се случи, да дојде во Солун и Борис Сарафов (со руски пашапорт). Беше заинересуван, дека во св. Гора имало некакви закопани пари (го излагал некаков авантурист) та го бараше нашето содејство за да оди во св. Гора. Тоа излезе ветер – отиде и се врати. Од Бориса пак дознавме подробности врз тукашните прашања околу В.К. Тогаш Туфекчиев со брак`а Иванови и офицерите — меѓу овие Бозуков и Б. Сарафов — се отцепија како први од В.К. и образуваа свој комитет, подржуван и од владата, од Рачо Петров, военен министер. По разни патишта офицерите ни дадоа да разбереме, дека тие се ставија на расположење на Ц.К. Нарочно не дразнеа, со оружје за кое што се осек`аше нужда. Делчев во Штипско така бујно ги потерал работите, да си мислеле луѓето оти се наоѓаат пред востание. Затоа повеќе се слушаа прашањата: Каде ви се пушките? Дајте ни пушки! Ние, макар да немавме јасна претстава за работите во Бугарија, сепак посочувствено се однесувавме кон офицерите, — едно што по темптерамент ни беа поблиски, а лруго, што ги сметавме за позгодни да ни бидат корисни да влезат во работа. Така ги симпатизиравме јас, Даме и Делчев, но нарочно Делчев, беше настроен офицерите да се искористат во наша полза. Дошол веќе формален предлог од В.К. до ЦК за задружна работа. Јас бев уште во Солун, го дискутиравме ова прашање. Основата на предлогот, кое што ни го обрна вниманието (писмото беше долго, приложен и уставот на В.К.,) беше, што В.К. се сметаше глава и виши водач на ослободителното дело (согласно со уставот) кој пгго си го запазува правото на општа директива за дејност внатре, а во спротивност па тоа нашата организација беше прогласила како врховен принцип да се запази автономија по сите работи по револуционото дело во границите на внатрешноста. Писмото ни направи впечатление со својата надменост, многу од високо се зборуваше, дури не изостануваа, ми се чини и заканувања. Писмото беше пишано во 1895 г. Тие во Софија очигледно не сметале, оти ние сме некаква јака организација. Ние решивме против предлогот, но не ги прекинавме преговорите бидејќи не сакавме да се исползува едно потполно прекинување на преговорите како агитационо средство против нас во Македонија. Ние веќе сознавме, оти речената база — присвојувајќи си В.К. право на хегемонија — не ќе се споразумиме. Во распустот 1896 г. јас дојдов во Софија со мисија. Од извор од В.К. се побара човек од Ц.К. да дојде овде во важна работа, а имено поо некаков англиски предлог за пушки од Англија. Ц.К. реши да дојдам јас, решивме просто јас да дојдам, Даме не сакаше да дојде, зошто ги беше расипал: односите со В.К., Делчев немаше тогаш значење меѓу нас, а Пере беше во Битола. И така требаше јас да дојдам. Истовремено по истата работа беше повикан Пере Тошев од Цариград. К`нчев го извести Перета, со него ги водеше проговорите.

Јас пристигнав во Софија и се сретнав тука со Љапчев и Ризов за општи разговори; со генерал Николаев и Карајовев по специјалната работа за пушките. Ми соопштија, дека од Англија имало предлог на В.К. да му отпуштат голема сума пари и пушки, колку што се потребни за Македонија, дека 3000 од овие пушки биле век`е натоварени на параход, кој што веќе пловел во Средоземното Море како прв обид да се растовари од ова оружје во Македонија. Нивниот услов бил што сакале во Македонија скорешно востание. Соопштението на В.К. кон мене беше полуискрено, мистериозно: не ми покажаа никакво писмо од Англија, ниту пак ми го објаснија полниот тек на оваа работа. Барањето од нас им беше, да примиме 3000 пушки, кои што ќе се растовареле во Солунското пристаниште, за да се уверат Англичаните, оти навистина има сериозна револуционерна организација, која што ќе врши работа. Освен тоа од нас се бараше да уште истово лето дигнеме во една-две околии востание, за да може В.К. да докаже дека располага со сили во внатрешноста. — Првиот предлог, за примање пушките, го дочекав со задоволство; веднаш пишав во Солун, и Даме, за поголема сигурност, сам со една компанија од селани и граѓани уредува место во блатото, каде што ќе ги скријат пушките: да фатат со кирија кајци и луѓе, за да ги примат пушките, да ги пренесат на суво и одовдека таму до скривницата. Радоста во Солун била голема, 3—4 дена Даме киснел во блатото, во шамакот скриен, дури се беа изразболеле чекајќи.

Вториот предлог, го паметам добро, го отфрлив најкатегорично. Моите мотиви, дека по соображенија, да се подига авторитетот на В.К. во Софија, никогаш не ќе се согласиме да подигаме акции од посериозен карактер, макар и отворени облаги да гледаме од тоа. На оваа база тогаш застанав и после фанатично стоевме се` на ова база до крај па и сега стоиме. Имавме долг спор — Карајовев, јас, генерлот. Јас си останав со утисок, дека овие луѓе не ги градат своите мисли врз широката наша основа. Остана да ги примиме само пушките. Карајовев оди во Варна, се сретнал таму со човек од Цариград, овој се вратил назад, се` во врска со оваа историја на пушките, која што пред мене не се разоткриваше, така да јас се` останував во недоумение. Се вратив преку Цариград. Овде сосем неочекувано на хотел се сретнав со Пере Тошев. Тој не знаеше аошто сум бил јас во Софија, и јас не знаев, зошто дошол во Цариград. Брзо се пофаливме еден другому — и разбравме веднаш, дека од еден и исти извор сме биле канети. Тука, во Софија, строго ми се забрануваше од Карајовев и генералот да ја кажувам оваа тајна на Груев (генералот не можеше да го трпи а пак на Перета во Цариград К`нчев му забранувал да ја соопшти оваа тајна мене и на нивниот услов бил што сакале во Македонија скорешно воспревзеде мерки. Во Варна Карајовев се сретнал имено со К`нчев. Обајцата останавме под впечатлението, оти сме жртва на некаква мистификација. Пере се раздели со К`нчев, заканувајќи му се, оти ако излезе оваа работа мистификација, ќе го држи одговорен поради оваа подигравка. К`нчев му рекол на Перета, дека божем и егзархот знаел за оваа работа. Параходот не се јави, пушки не видовме, и ние се уверивме после, оти оваа работа е скроена од некаде, можеби за да не пробаат. Прво божем егзархот бил сондиран од странство, преку К`нчев, потоа — и В.К. Тука во Софија тогаш се срегнав со Ризов и Љапчев. Ми дадоа да разберам, дека по неуспехог им да се споразумат со Дамета, сметале на мене како „умен и разбран човек“, како ме нарекоа, оти сум за нивната идеја, дека само ВК може да биде сериозен раководител на ослободителното дело. Јас само ги ислушав и нарочно не им реков ништо определено, и тие не можеа од мене ништо да разберат. Генерал Николаев јасно ми рече, оти тој не верува во македонското население да е способно да се бори, да дига револуција, оти тој не може да прими такви „детински“ наши планови за подигање народот за ослободување, дури и дека не сака такви ра6оти; за ослободителното дело спрема него е потребен В.К. како автортетко нешто, и тој, како генерал, на чело на тој комитет ќе поведе со себе 20-30 илјади резервни војници и ќе дигне востание во Македонија. Со селани ништо не може да се врши, ништо озбилно. Внатрешната работа според него му била потребна на В.К. само да може преку неа да служи за страшилиште пред политичкиот свет во Бугарија и во странство и да се служи со неа во политичките комбинации пред бугарската влада и пред европејската дипломатија. Горе-долу ваква слика ми нацрта тој. Тој ми се фалеше, оти имал писма од некој шпански генерал, од кекој италијански генерал итн. итн. При еден сличен разговор со генералот Делчев се разнервирал, плукнал и избегал. Даме иронично само слушал и се потсмевал та за тоа и генералог па и Јосиф Ковачев не можеа да го трпат Дамета. По темата за нашите односи со В.К. имав разговори и со Ризов и Љапчев. Тие со сета своја убедителност и со сето свое влијание, што го имаа над мене (особено Ризов кого го боготворев јас на младо време) сакаа да ме убедат, оти В.К. треба да биде центар на ослободителното дело и дека ние во Бугарија не треба да имаме работа со никого другого освен со нив, за да го имаат тие потребниот авторитет пред бугарската влада и пред европејската дипломатаја. Имаше полно недоверба во нашата спосовност, во луѓето од Ц.К. за да можеме да раководиме и да подигнеме сериозно движење. Јас бев напротив длабоко убеден, оти овај песимизам спрема нас е неоправдан, бидејќи имав длабока, јака, фанатична верба, оти ние сме го избрале најправиот пат, оти инаку не може да се постапи. Јасно беше за мене, оти секоја пртивуречност со иив беше излишна, — тие не можеа да гледаат инаку, тоа беше надвор од нивните претстави, а само верував оти со вреието тие ќе прогледаат и ќе дојдат до увереност, оти не јас и другарите сме биле наивни хлапина по оваа работа, ами оти тие биле деца, кои што во своето безобзирно тврдоглавство и во својот егоизам не сакаа да ги разберат нашите јасни, убедителни доводи.

И така ние се уверивме, дека тука во Софија имаме луѓе против себе, кои што имаа веќе нарав и традиција на, македонствујуши како Ризов, луѓе авторитетни како ген. Николаев, Ковачев, и ќе се бориме со една идеја, веќе восприемена тука од сите, а имено дека само емиграцијата во кнежеството може да го раководи ослободителното дело. Јас и моите другари не можевме да им противпоставиме ништо друго освен својата верба во праведноста на своето дело и верба, оти треба само да работиме и да го чекаме денот, кога ќе се уверат сите, ќе ја разберат вистината сите. Ете зошто и јас се свиткав во себе, ги избегавав сите излишни преговори и пренија на казаната тема, молчев останувајќи си непреклонет на својата база. Ова даде повод да зборуваат луѓето и да веруваат, оти Г`орче Петров само молчи и итрува пречејќи на секој обид за спорлзумение меѓу Ц. и В. комитет.

Се обидоа од страна на В.К. и агресивно да се мешаат во нашата организација. Направувајќи ми аванси и комплименти Ризов, Карајовев, Николаев, дска јас и Пере сме биле од сериозните луѓе, на кои што тие сметале и знаејќи, оти Даме игра важна улога во Солун, во кој што — „гамен“ — немале никаква доверба, ме наговоруваа да се мавне Даме од Солун, а јас и Пере Тошев еден во Солун, еден во Битола, да работиме со нив, како тие го разбираат. Но јас пред да дојдам во Софија веќе во разговор си проектиравме (јас, Даме, Пере, Делчев) да се распоредиме по провинцијата. Даме да појди во Серез, јас да останам во Солун, Пере во Битола, Делчев да остане во Штип, а Матов беше навикнал во Скопје, — за да не сме на куп та да се врши поарно работата. Но кога се вратив во Солун од Софија и кога ги расправив горните работи, решивме, токму за да ја покажеме својата солидарност, Даме да остане имено во Солун. Предвидовме, оти ќе се прават обиди да не рстурат.

Во Софија имав состанок со офицерите од 1895-та год. — Сарафов, Бозуков, Венедиков, Гарофалов и др. Тие беа против В.К. и сакаа да влеземе ние во дружба со нив, да им ја дадеме својата потпора за да се издигнат тие во комитетот. Имав еден состанок со Бориса и Бозуков, кога слегов. скришум во хотелот Ројал (тоташ Булевард), уште инкогнито, откако се сретнав со Николаев и комп. Ми јавија, оти ротмистерот Морфов, тогаш инспектор на полицијата, сакал да се сретне со мене и од страна на министер Стоилов да ми каже нешто. Се сретнав со него во присуството на Бориса и Бозуков. След куп обвиненија по адрес на В.К., ми ја открија истата голема тајна, дека божем В.К. успеал да добие од Англија од некој богаташ голема сума пари, но дека владата и` влегла во трага на таа работа и ќе направела, да парите nи сe дадат нам, ние со нив да вршиме работа за делото, а да не се дадат на В.К. за да вршат со тие пари тука политика, да симнуваат и да качуваат влади и т.н.Борис и Бозуков веднаш дадоа совет: — „Да ги земеме тие пари!“ И ги предложија сите услуги, ако има нужда од нив. И Морфов и другите останаа просто зачудени, кога им одговорив категорично, дека какви и да се луѓето, но птом тој комитет си овозможил да си најде средства, нема да се согласам за да им ги превземам, зошто сум уверен, оти ќе ги употребат за македонското дело макар и по свој пат и по свој начин. Не се поднови веќе овој обид од страна на Морфов. Се сретнав и со госп. Туфекчиев кој што се оддели со офицерите против В.К. Впечатлението од Туфекчиев не беше добро; поинаку сн го претставував, а не таков мазен, со маниери. Ми се претставија н два-три социјалисти: Стојан Иванов (сега околиски началник во Ловеч), Стојан Попов (мажот на Роза Попова), божем членовн на нарочно друштво и др.

Сите овие сретнувања тука ми го разматија паметот и ме разочараа. Сепак се почуствував поблизу до офицерите, кои што скоро се поразмрдаа, и на тргнување јас му предложив на Димитар Венедиков, кој што им се виде поразумен од другите, да се обраќаме кон него за некои услуги, привремено, додека испратиме свој човек.

Се гледа, оти под впечатлението на оваа бркотија, што ја видов тука се роди во мене верба, оти ќе треба да си имаме тука свој човек за наши специјални работи. И наскоро Делчев, кој што стана невозможен, како легален во Разлог, кај што беше учител, се префрли во Бугарија, и од Солун му пропишавме да остане таму како наш човек да ги исполнува по границата нашите нужди, да ни испраќа весници и книги и да не држи во течение на тукашните работи по македонското прашање, но да не се меша не само во политичките, туку и во комитетските работи во Бугарија.