Monday, 21 August 2017

Спомени на Ѓорче Петров 5

Првото збирање парични помошти за организацијата. — Организацијата се одзива на еден повик од егзархот и му дава поткрепа. — Борбата меѓу двете враждебни партии во Солун и напразни обиди за споразум. — Основувањето на револуционерно „Братство“.

Летото 1895 година прв пат се обидовме да збираме пари од Солун — доброволни пожртвувања (надвор од членските вносови). Ние од Ц.К. си ги распределивме трговците по лични познанства и лично збиравме пари уз расписки. Расписките беа (првите) хектографирани, подпечатени со печатот на Ц.К. подпишани со псевдонимот на Татарчев и на касиерот. Се обративме до ограничен круг луѓе, каде расчитавме на успех. Од луѓето на противната страна ниеден не задревме. Првиот обид беше успешен. Побаравме од дваесетина души. Јас побарав од Поп Стефанов, Петруш Сарафов, кукушанец и др. Се бараа од 20 до 50 лири. Имаше и еснаф луѓе, од кои што се побараа 30 до 10 лири. Од Шавкуловци (братучеди ми се) зедов 90 лири. „Пријателство, пријателство — сирењето со пари!“; Ќе бидиме пријатели или непријатели“? Кога му ја извадив расписката на Поп Стефанов, остана како вчудовиден. „Примате или непримате?“ Го беше страв да ја земи расписката, а ги даде. После кај Петруша Сарафов 35 лири — ги даде. Татарчев појдува кај X. Мишеви, 100 лири им зема на обете фирми. Изобшто добро не дочекаа Но тие веќе имаа и доста докази за нашата дејност, оти е сериозна. Бргу беше станало и движењето од кнежевството, авантурата на Сарафов до Мелник итн. Ова востание му даде силен потик на делото, воздигна надежи кај македонците и на нашето дело фатија да гледаат посериозно. Овај настан ја популаризира нашата идеја меѓу обштеството, даде повод тоа да мисли оти нашата работа е во врска со Бугарија, и нам ни даде поттик. Четниците, 40 души од кумановската чета на Геројски, што беше фатена, ги претераа низ Солун. И тоа ги наелектризираа духовите. Збирањето на пари стана традиција, кругот се ришири. Се измени и системот постепено, — наместо познати лица почнаа да се јавуваат да сакаат пари и непознати лица. Весниците што ги почнавме во Битола, беа привремени, 7-8 броја. Сега во Солун закачивме заедно со поп Коцев хектографиран весник, од кој што излегоа 4-6 броја, ми се чини со старото название на весникот што го издаваше Даме. Не паметвам, да ли не беше нашето „На оружје“!, а нивното „Весник“, или обратното.

Вистината по гимназијалните побуни што станаа во зиматаа, кај божикот, е следнава: Настроението кај учениците беше век’е револуционерно. Во класот 1895 г. I полугодиште, имено во VI клас по урокот на учителот Д-р Лука Димитров станува еден ученик, Нацев (од Леринско) и му изјавува истопорено: „Господине учителу, имам да ви изјавам од страна на целиот клас, оти поарно ќе сторите, ако си ги земете камењето (преподаваше минералогија) и си излезете, та правите со нив што сакате. Сега не е време да се занимаваме со камење, ами со револуција!“ Учениците воопште беа настроени и со симпатија се однесуваа кон сите, што се занимаваа со „делото“. Јас бев затоа имено добро гледан од учениците. Предавав географија и се привлекував и ги привлекував. На пр. кога зборував за „управлението“, јас им зборував четири урока и, се разбира, трите за турското владеење. Учениците просто голтаа. Во урокот по занаети, трговија и земјоделство, јас во осум уроци расправав надвор од тоа големи подробности. Тоа силно ги настројуваше учениците. Имаше меѓу нив и чисто револуционерен кружок, и по решение ние ги примавме за членови од четврти клас нагоре. Ученичкиот кружок беше под вишото раководство на Дамета. Ученици, се разбира, раководеа. Даме беше веќе конечно ослободен од партизанство.

Самата побуна во гимназијата нема ништо општо со организацијата, осем дотолку, доколку учениците беа револуционерно настроени и чувствително веќе го покажаа недоволството спрема учителите и началството. Мене не ме интересуваше побуната. СЕ замешав само, кога Наумов го послуша покојниог Ганев кога го прати да ја вика полицијата против учениците „да се изврзат тие чапкуни“. Јас ја затворив вратата и му реков на Наумов да размисли убаво што прави, сакајќи да вика турска полиција. Наумов се свести и не го направи тоа. И во наставничкиот совет, кога сакаа да решат пак да се вика полиција и др., јас се спротивив. Лазаров дојде и добро се држеше полиберален се покажа и умно послуша.

Да расправам за една случка со егзархот. Јас му разјаснив на Лазаров да не му дава поголемо значење на настанот, зошто е пројава на настроението кај учениците. По тоа време беше се подигнало некакво прашање, од Русија ми се чини, да се дигне егзархијата. И во егзархијата се осетуваше нужда за една потпора од месното население во вид на манифестации, декларации и т.н. Агентите од егзархијата беа малку очаени, имаа сомнение, да ли ќе ги добијат саканите манифестации од сите општини-со потписи и печати-со кои што се искажува доверба во егзархог ин се бара од владата да го задржи егзархот, да не го остава населението без егзархија. Какво беше прашањето што го исплаши толку егзархот, ние го знаевме, но ние покажавме, оти не сме туѓи и на тоа прашање. Танев, секретар во училишниот оддел, кој се сметаше поблизок до нас заедно со Лазаров, (К`нчев се сметаше повеќе наш противник); се обрна кон нас, Централниот комитет, и не покани да го поткрепиме и ние тоа барање на егзархот. Предлогот го примивме без никаква сопротива; ги потканивме нашите другари од провинцијата, и егзархијата беше претрупана со молби. Некои од овие молби беа многу оригинални и срдечни. Ние од срце го примивме тоа, зошто ние бевме убедени, оти егзархијата, како установа, треба да постои во Цариград, иако се боревме со неа, се боревме по егзархиски работи во врска со нашата идеја.

Во прво време при отпочнувањето на делото неделните училишта послужија како агитационо средство за групирање и возбудување на поинтелегентната младина. По нницијатива на младинците и со сочувството на првите работници на делото, неделни училишта беа отворени во повеќето чистобугарски градови во земјата. И тие служеа како општествен фактор за противтежа спрема општините, кои што се` тежнеа кон владиците и не можеа да станат духовен центар на сите слоеви на населението. Предавања од учителите, често блиски до бунтовнички, макар и не отворено (во Штип имаше и отворени бунтовнички предавања од Дамета Груев), библиотеки, книги за читање-тоа се трите улоги на неделните училишта. Главната улога беше, што беше место каде што збираше и ја зајакнуваше младината. И по тоа прашање имавме решителна борба со егзархиските агенти. На К`нчев, Наумов и С-ие им доаѓа итра мисла да образуват во Солун читалиште и да образуват една ортанизација од сите читалишта во Македонија, да го направат солунското неделно училиште централно, уверени, оти тоа ќе биде во нивни раце, затоа што покрупните учителски и граѓански сили беа на нивно расположение. По тој начин мислеа да го подријат авторитетот на ЦК, да го издигнат својот и да ја спечелат на своја страна младината. Однапред уговорениот план во тесен партиен круг, Наумов го поднесе на решение на целото учителско тело во Солун -класно и основно. Свика општо учителско собрание и го предложи прашањето. Се прими од мнозинството. Јас се сетив каде одат, и по мое настојување се реши да се прими идејата за оснивање на неделно училиште во Солун без да се менува за организирање на другите читалишта и без да се споменува, дека солунското к`е биде централно. Мотивот ми беше, дека прво треба да се оснива во Солун неделно училиште, а пак после може да се види, да ли ќе стане и тоа централно. Тие не ме разбраа, и се прими така. Општината свика пособудени 30—40 граѓани за да се основа неделно училиште. Зедоа мерка да се извикаат повеќе нивни партизани. Со една агитација од наша страна собранието стана поголемо и се наложи да бидат сите примени, а не само поканетите. Неделното училиште се основа и за претседател стана Татарчев, а за секретар јас. Иницијаторите веднаш се откажаа од неделното училиште и го напуштија. Гарванов стоеше насреде. Тој беше со нив, но повеќе беше со мене, — бевме поврзани лично. Ополномоштени бевме јас И Гарванов да го составиме уставот на иеделното училиште и се зеде решение, оти тоа, како ново и младо, не може само по себе да се прогласи за централно. Неделното училиште постоеше некое време — сврши со 7-8 предавања, а предметите се предаваа на неписмени и полуписмени. По ред предаваа и повеќето основни учители. Ние држевме предавања. Неделните училишта не постоеја долго, останаа без значење и се изгубија. Капиталите им се зедоа во комитетските каси.

Да се повратиме кон прашањето за мојата главна работа — за мојата мисија за посредништво. Штом пристигнав во Солун, бев добро дочекан од противната страна: Сарафов, Самарџиев, Наумов. Во долги разговори си го дадоа мнението, си ја искажаа и желбата на широко. Од сето тоа извадив заклучок, оти сакаат ЦК да се дели меѓу двете партии. Тие ми зборуваа отворено. И Сарафов зборува — дури и во својата канцеларија — се` во правец, така што ЦК да се дели наполу, да се погодуваат како две страни. Но се гледаше, оти нивната интимна желба е да ја земат работата во свои раце и да се отстранат од Солун некои од нивните непријатни лица. Колушев, Гарванов и јас образувавме тесна другарска компанија. Јас умислено дружев со нив со намерение да ги привлечам и да ги запишам во организацијата. Дури за тоа им направив формален предлог, но ми откажаа. Гарванов ми рече дека е веќе доцна за нив, дека редници не можат да стануваат. Гарванов поминуваше за близок и ваму и таму, та му се доверувавме. Колушев беше нов и не беше се уште определил. Меѓу лицата што сакаа да ги отстранат, требаше да биде и Даме Груев.

Јас се убедив, дека овие луѓе титу мислат сериозно за делото, ниту се погодни за тоа. Поставив прашање во ЦК и го побарав мнението на другарите од комитетот. Сите го примија посредништвото за да стане и беа согласни да влеземе во разбирање, бидејќи прашањето беше актуелно и имаше и кај нас сериозна желба да му се сгави некаков крај. Преговорите станаа во неколку средби. Се обидов да им издејствувам олеснение Но излезе безуспешно. Зборував повеќе со Сарафов, Самарџиев, Наумов, Ганев. Најпосле, по решение на другарите од Ц. К. им направив јасен и определен последен предлог дека и тие и нивните луѓе 6ез разлика ќе се примат во организацијата без приговор. Даме, јас, Пере Тошев искрено го сакавме тоа за да се ослободиме од ова прашање. Татарчев и Х.Николов уште малку дипломатствуваа – кај нив трагитеб од партизанските јажби уште не беа изгубени. При сето тоа не можевме и ние туку — така на овие луѓе да им позволиме да влезат направо во Ц.К. Тие не примија, што беше глупо, зошто тие беа влегле на општа основа, без сомнение брзо ќе влезеа и во комитетот. Еден човек како Сарафов само да сакаше, ќе влезеше. Но се гледа, дека тие тоа не го сакале. Тие сакале без клетва, без формалности да се пикнат. Никој не дојде да даде клетва, и односите пак по старо си продолжија. Ноо разлика имаше во тоа што и противниците зедоа да се однесуваат со поголемо уважение кон нас, па и делото беше се издигнало. Тоа, што не можеа да го постигнат преку мене, се надеваа да го постигнат преку Перета. Пере дојде во распустот 1896 година и со наше согласие и тој се зафати со таа улога, но и тој дојде до истиот безрезултатен крај, само уште со таа разлика, што се раздели со нив остро, ги испцува. После тоа изгубија секаков надеж да се доберат до раководството по тој пат. Требаше да бараат друг пат. Да го отфрлат „делото“ наполно, тоа беше веќе невозможно и доцна. И затоа тие беа принудени да фатат друг пат: излегоа да проповедуваат божем исто што и ние, само со претензија на умереност. Определените проповеди им беа овие: „Бугарија ќе не` ослободи и од Бугарија да чекаме се’, ние треба само да се готвиме. Пушки да не се купуваат и да не се внесуваат, зошто кога ќе потребат, Бугарија ќе ги даде. Револуционерност да не се пројавува во дејствија, туку само во морална подготовка. Тоа му беше основата на „Братстото“, кое што тие го основаа попосле — во 1898 год.

Во истиот распуст во 1896 г., кога Пере во Солун водеше преговори, јас пристигнав во Софија, привремено испратен. И овде го направија истиот обид преку Врховниот комитет во истата посока и преку мене (како понапред со Перета), но без успех.

Потоа, тие — во Солун и Цариград — престанаа да прават слични обиди и сосем отворено и непријателски се зафатија со агатација за да ја разрушат организацијата. К`нчев, како инспектор, систематски ги преследуваше учителите, наши сомисленици, и ги заменуваше само со „незамешани“ учители. Наумов, како бивш директор на педагошкото училиште (педагошки курс во Солун) дејствуваше енергично во таа посока и меѓу учителите. Целата егзархиска машина услужуваше на оваа контраагитација. Едновремено почнаа интриги против организацијата пред Врховниот комитет во кнежеството и пред бугарската влада, за да се создаде настроение против организацијата. Конечно оваа струја се оформи со устројството на „Братството“ — „Револуционерното братство“.

3 јуни

Тоа беше посчледен обид на егзархистите да го земат во свои раце влијанието во земјата што им се измолкнуваше. К`нчев во согласност со егзархот и Селџобалиев ја дадоа идејата за Братството. Тие го најдоа погоден Гарванов за да го противстават на нашите луѓе. Бидејќи Гарванов беше посклон ол сите егзархиски сопартизани да се оддаде на револуционерна дејност, тој сигурно ќе влезеше во нашите редови да беше поканет порано за член во Ц.К. Баш затоа за да го придобијат Гарванов, се согласија да го стават Братството на божем револуционерна база, колку да можат полесно преку блискоста на целите да се превземат позициите на ЦК. Братството немаше друга идеја, а на Братството беше агентството во Солун, каде што Колушев беше секретар.

Тогаш беа испраќани пушки од Ц.К. преку Бугарија за организацијата така што околу 250 пушки стигнаа до село Туши во Гевгелиско. Селаните не знаеја да кријат од Колушев. Колушев ги излажува селаните, дека божем Бугарија ги испратила пушките не за Ц.К., ами за нивното село. Цела престрелка меѓу селаните ќе станеше додека се разберат. Така се агитираше со сите простени и непростени средства.