Monday, 23 October 2017

Спомени на Ѓорче Петров 3

Полагање првите основи на револуционерната организација во Македонија во 1894 година. — Петров издава хектографиран револуционорен весник во Битола. — Купување првото оружје, револвери, а после и пушки. Составот на првиот револуционерен комитет во Солун. Првите псевдоними на поглавните револуционерни дејци.

Во учебната 1894 год., по мое настојување и на директорот Наследников, Пере Тошев бидува од Скопје преместен во Битола. Со познаници од младинците Пере Тошев го образува таму првиот револуционерен кружок. Даме Груев во тоа време беше во Солун. Во овој кружок по еден месец и јас формално влегов како член, а во бргу време друштвото илезе во сношение со Груев. Пере и Даме се сношаваат по тоа прашање, и тогаш во новата струја влегуваат и луѓето во Солуи, кои што ги обвинуваа во сепаратизам — Д-р Татарчев, X. Ннколов и др. През распустот 1894 г. Пере и Даме направија обиколка по селата да основуваат друштва. Бргу мрежата на кружокот се рашири во Ресен, Охрид и Прилеп.

Првиот наш план, доколку ми иди на памет, почиваше на многу скромни и неопределени барања: сској член да внесува по половина лира годишно вноска и при „крштавање“ да даде доброволна помош спроти желбата и спроти својата состојба. Немавме уште определени цели. Ми иди на памет една желба на Перета: со свои средства да испратиме еден човек во Европа да го изучи „бомбаџилокот“, та со него да ја обориме Турција. Изопшто имале детински планови. Првото наше желание главно беше да образуваме по возможност колку повеќе можиме кружоци, чисто „конспиративни“, меѓу блиски другари, кои си веруваат еден на друг — по градиштата и по селата та да превземеме нешто со „бомби“ против Турција. Оти во „бомбаџилокот“ ни беше надежог, се гледа од тоа, што после движењето од 1895 г. на чело со Сарафов првата грижа ни беше да си набавиме од Бугарија бомби.

Само најблиските, по опулени младинци во Битола, Прилеп, Охрид и Ресен се посветуваа. Ми се чини, оти Даме во тоа време од Солун има пуштено такви гранки во Кукушко и Штипско.

Приемот меѓу младинците, блиски на нас познати, беше окуражателен уште од почетокот, — посветените бргу се ентузијазираа. Во кусо време, во миогу кусо време се направи обид на по широка нога да се врбуваат единични членови о од еснафите во градот и по селата. Првите обиди беа успешни. Меѓу еснафите првиот обид да гн привлечат во кружокот го направија месните двајца-тројца младинци: Георги Попето, Георги Пешков, Христо Ченков и ѓакинот Томо Николов, кој е сега во затворот битолски, осуден на 10 години. Бидејќи се ползував со широки познанства во град, понатака главната агитаторска улога меѓу еснафите остана на мене. Јас многу разодував меѓу народог по крчми, кафина, понаѓури. Пере беше поскриен, а јас излегував на лице. Првиот обид по селата го направив јас со уште еден-двајца од трговците младинци Глигор Попето и Пеш-ков (сега Глигор Попев е голем трговец во Солун, а Пешков е сега овде, бегалец). После главната улога за селата остана на мене, бидејќи бев инспсктор. На пазарите во Битола (отпазар, битпазар и т.н.) ја се најдував рано-рано ќе го уловам некого, го водев дома и го крштавав. Првите обиди и пред селаните беа многу насрнителни за нас. Навистина, правевме строг одбор на кандидатираните лица, бевме многу дикатливи во изборот, многу предпазливо ги подканувавме луѓето, та може би на тоа се должи, што не откажа никој, ами со одушевление приемаа. А може би поради тоа што не си ја претставуваа возможната идна слика, од која би се уплашиле.

Како да било, почвата се укажа многу благопријатна. Ние се нафрливме со настрвнение во агитација, без разбор, го разширивме кругот, со кое и без да мислиме одпрвин скромните цели требаше да се разшира. Неколку месеци после почетокот, агитацијата беше веќе во полн разгор и стана единствена главна задача на членовите на кружокот: сите како поулавени трчавме да привлекуваме повеќе луѓе, а за друго како и да не мислевме.

Така усилено одеше тогаш агитацијата; така на поширока нога — и во Прнлеп. Алекс Панов, студент, беше таму; тој умре, а следната година дојде Поп Арсов. Во Ресен во потесен круг се дејствуваше меѓу младинците од попрвите фамилии — Љапчевцн, Татарчевци, Стрезовци. Во Охрид се работеше во уште потесен круг. Зафативме да си пробиваме пат и во другиге околии на Битолскиот санџак — во Леринско, Костурско, Крушевско, Кичевско — пред единични личности. Уште во првите времина на агитацијата во Битола почнав да издавам хектографиран весник „На оружје“! Излегоа 9 броја. Го распратувавме во 30-40 примерци. Го уредував н заедно го вадевме по цели ноќи со Попето и Пешков. Едновремено и Даме издаваше во Солун таков весник, мислам под име „Востаник“. Во летото 1894 год. после тоа Пере н Даме се сретнаа во Битола и се согласиле Битолскиот кружок со неговите претставителства да паѓа под надлежност на солунскиот. Солунскиот весник на Дамета минаваше како по тежок по содржание и по стил по издржан, а нашиот беше по буен, по жив.

Решивме веќе да почниме да купуваме оружје, прво револвери. Првата нужда за револвери се појави, кога се установи да има револвер при давање клетва; имаше нужда за револвери и за куриерите. Ја дадов идејата да се купупа револвери. Се јави неосетно желба кај сите членови, секој да си носи револвер — како признак на револуционерство — револвер и кама. Се купуваа најмногу од Солун и од Битола. Револверите послужија како очигледен доказ, оти има сериозни револуционери на дело, а само на думи. Ова нешто многу и помагаше на агитацијата. Доставувачката на овај материјал кроце-покроце стана една прва задача на месните комити.

Купувачката на револвери му налагаше на битолскиот комитет да се погрижи за пари-фонд, да може да се купи оружје. Втора грижа беше после да се продаваат револверите во Битола, Ресе и т.н. Првите нужди се задоволуваа осем од членските вноски уште и од доброволни прилози на видните членови — трговци. Попето даваше до 150 лири годишно од свое ќесе. Тогаш се направи и првиот обид да се сакаат пари, во името на делото, и од нечленови. После двоумења многу страшливо му се напраи предлог на Нича Биолчев преку негови лични пријатели за 5 лири, без да се зема за член, без да му се расправа подробно, а само кажувајќи му, оти има кружок и т.н. Тој ги пречекал добро, дал 3 лири и се нафатил, оти ќе дава и повеќе, кога ќе се увери, оти има сериозно нешто. Овај прв пример беше насредчителен. Немаше систем за збирање пари, а во моменти на нужда, комитетите сега-тогај, се обраќале по истиов начин кон единични лица за помош без нацилие. Парлелно со револвери се почна купувачка и на пушки. Првите пушки, што ги купивме, беа мартинки, местна направа — тетовски и дебарски. Нужда за пушки најнапред почуствувале некои од селаните членови. Имаше напр. ваков сдучај: агитирав пред еден Христо Самарџиев од Битола, го опатувам и се разделивме. Одам другиот ден при него. Тој ми вели, ото во дејствителност тој требало вчера да ме заколни, зошто овие работи тој со свои другари одамна ги вршил. Ми откри, оти тој со уште 18-тмина другари имал по селата другари, та ноќно време излегувале со оружје и кај што има нешто како разбојник, пакосник на народот „ќе го суредат“, а утрината — пак мирни луѓе, си работат на занаеторт. Ова не` зачуди. Оваа самобитна компанија — организација воеднаш влезе во нашата, ги опатувавме 48 души и се послуживме со ними за набавка на оружје од Дебарско. Подобна компанија откривме после и во други села по полето. Првава компанија дејствуваше околу Битола по патот за Крушево, а другава компанија, што ја откривме од Битола кон Мариовско. Ништо разбојничко во нивната дејност немаше, ами само отребување на лошн турци.

Широката народна маса сакаше видлив израз на одвлечената идеја — пушки и т.н. Селаните чувствуваа нужда да имаат пушки, за да може нешто да се врши, кога притреба. Првиот стремеж беше, купените пушки да се на расположење на комитетот; се чуваа кај подобрите работници, се даваа по нужда и се прибираа. Заскривувањето и преносувачката на оружјето послужи за ново сретство за насрдчение: луѓето се соживуваа со оваа нова задача. Во Битола немаше формално управително тело. Поблиските пријатели направија еднаш предлог да се копституираме, но јас и Пере Тошев не пристанавме, сакавме се да се крепи на другарска нога. Али јас не го сакам тоа, никогаш јас не сум се ВИкал со официелно име како претставител на организацијата, јас секогаш сум „Ѓорче“: Ѓорче — Делчев, Делчев—Ѓорче, дух на другарство. Специјален касиер немавме. Секој од поблиските другари си остануваше како началник заправо на оние лица, што ги врбувал тој и покрстил. Тој за се со нив соработуваше, тој ги збираше од нив И вноските, А кога требаше да се арчи за нешто, тие ги даваа парите. Десетина-дванаесет души ја образувавме јадката на организацијата во Битола, и во постојаните состаноци другарски ги уредувавме сите прашања, како што ги разбиравме. Таков ни беше редот. Без да сме биле формално избрани, јас и Пере го имавме првиот збор, ја игравме првата улога. Ова беше дошло само од себе и си остана така додека бев во Битола.

Паралелно со оваа дејност во Битолско, подобна дејност се имаше развиено во Солун. Се поставураат така темелите во Кукуш, Штип, Воден, Велес и Гевгелија. Сама по себе си се јави нуждата да има взаемни врски и некако формално да се обедини таа одделна работа на комитетите. През распустот на учебната 1893 година, како штоо се веќе спомена, Даме и Пере заедно беа во Прилеп, Смилево, Ресен, Охрид — на гости божем кај Дамета во Смилево, кај Љапчев и Татарчев во Ресен, кај Филипчев во Охрид. Тогаш Солун се прогласува за централен град, а солунскиот комитет, на чело со Татарчев како претседател, за ЦЕНТрален комитет со Дамета Груев како секретар, Антон ДИМИТРОВ, учител по турски јазик (сега е член во апелат. суд во Битола) и Хаџи Николов советници. Тогаш Даме прави краток проект за устав (правилник) и го распратува како проект само на најблиски — во Битола, само на Перета. Го прегледав и јас. Овај проект не се примени. Ц.К. во првото време уште не беше известен, беше почеток. Името му не беше уште разгласено. Немаше никаква наложителност. Трето обидување од Солун се направи да се распредели организацијата административно. Се сообшти оти таква и таква расподелба е направена, основана во главно со обзир кон покрупните личности: кај што имаше повидни дејатели, беше центар. И тоа беше едно од првите обидувања на Ц.К. да се установи како врховно тело. Тогаш се дадоа псевдоними на поглавните дејатели на пр. Марко — Ѓорче, Лефтер — Пере и т.н. Тогаш се почувствува нужда и за шифра. И во Солун и во Битола едновремено се изработија две шифри: се прими спрвин битолската шифра. Во основата му беше латинската азбука, за основа служи извесна реченица, што ја обфаќа по возможност целата азбука. Реченицата зафаќаше со Стамболов, та се викаше „стамболиката“. Примивме ред, штом некое писмо со една азбука се плени и се открие или штом некој од просветените пропадне и може да ја издаде, да се смени шифрата. И затоа до востанието до 9 шифри се сменија. Кога во 1897 г. дојдов во Софија како претставител на Ц.К. донесов и нова шифра за однос само меѓу Софија и Солун. После секој револуционорен округ имаше шифра за односи со околиите; специјална шифра за однос со четите и т.н. После и околиските раководители си составуваа своја шифра за споразумување со селата.

Јас ја измислив „стамболиката“. Вев на многу Добро мнение за Стамболов, чие што име тогаш турците со решпект го изговараа; знаеја, оти Стамболов е јак и оти Бугарија со Стамболов е јака.

Во Битола се појави уштње тогаш прашање да примаме ли гркомани во организацијата или не. Решивме ла ги примаме, но со голема предпазливост, со голема резерва, за да не не` издаваат на грчкиот владика. Имаше многу наши пријатели — другари, кои беа во пријателски врски со млади гркомани, за кои што допуштаа, оти можат да станат добри работници. Па имаше и сведенија, оти и грците имаат организација, оти имаат складови со грчки пушки, та преку некои членови гркомани сакавме да ја разбереме вистината, та да кладеме рака и на тие складови. Се оддадоа неколку младинци гркомани во градот.