Смртта со смрт ја победи

1. Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да
дојдат и Го помажат Исуса.
2. И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето.
3. па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?”
4. И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5. Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6. А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7. Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
8. Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.
9. А Исус, кога воскресна во првиот ден од седмицата, ѝ се јави најнапред на Марија Магдалина, +од која беше истерал седум демони.
10. Таа отиде и им јави на оние, што беа со Него и што плачеа и ридаа;
11. но тие, кога чуја дека е Он жив, и дека таа Го видела, не поверуваа.
12. Потоа се јави во друг вид на двајца од нив по пат, кога одеа в село.
13. И штом се вратија, тие им кажаа на другите; но и ним не им поверуваа.
14. Најпосле им се јави на единаесетте, кога беа на трпеза, и ги укори за нивното неверие и жестокосрдечност, зашто не им поверуваа на оние, кои Го видоа воскреснат.
15. Па им рече: „Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание.
16. Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден.
17. А знаците, на оние што ќе поверуваат, ќе им бидат овие: со Моето име ќе истеруваат бесови; ќе говорат нови јазици;
18. ќе фаќаат змии и ако нешто смртоносно испијат, нема да им навреди; на болни ќе полагаат раце и тие ќе оздравуваат.”
19. А по разговорот со нив, Господ се вознесе на небо и седна од десната страна на Бога.
20. Тие, пак, отидоа и проповедаа насекаде; и Господ го поткрепуваше словото нивно со чудеса, што се јавуваа. Амин!

Евангелие според Марко, 16

 

Leave a Reply