Thursday, 21 September 2017

Свети Прохорија од село Ерџелија

Житието на свети Прохор Пчински прераскажано од Марко Цепенков. Приказната за свети Прохорија е скоро иста со запишаното Житие. Различно е името на мајката на преподобен Прохор, за идниот цар Диоген кој се сретнал со старецот, во житието се вели дека бил ловец, а во приказната е претставен како овчар…посебно интересен е делот за сонцето што изгреало од запад и обезглавувањето на Свети Прохорија.

Покрај реката Пчина имат едно село на име Пчина и од селото, можеби, да имат земено име реката Пчина. Над селото горе имат еден чудотворен манастир, кај што је закопан Свети Прохорија од илјада години и горе.

Имало едно овчарче од селото Ерџелиј од Овче Поле (под Штипска каза). Татко му и мајка му на Прохори ги викале Јоан и Марија. Прохорија отишол еднаш во Штип на пазар и, бидејќи бил многу кроток и набожен, влегол в црква да се молит Бога. Во таа недела беше се рекло Евангелието: „Кој што сакат да се спасит, нека кренит крстот на рамо и нека идит по мене“.

Откога го чул Прохори Евангелието, беше му се распалило срцето и прао ти отишол во Пчинската Планина та си влегол во една пештера и таму си постил многу години. Посницата и ден-денеска стоит, одат народ и свеќи палат, земја земаат за лек. Тамо живеал зиме, лете, во најголемите студеи и мразеи без да го знаат луѓе.

Во тоа време умрел некој цар и сакале да клаат друг. Се погодил еден овчар да помини пред посницата од Прохорија и беше му рекол на овчарот:

– Овчарко бре, ај оди во царскио град, кај што ќе одбираат чоек за цар да бидит, да те одберат тебе. Тамо ќе се зберат да го гледаат од едно место сонцето во зората кога ќе болсни, и кој побрго ќе го видит, тој цар ќе бидит. Сите нека гледаат од кај што огреват ти да гледаш от кај што заоѓат.

Го послушал овчарот посникот и отишол, та застанал кај што беа застанале сите и се сврте на зајсонце да го гледат коа ќе огреит сонцето на врвот од една висока планина. Сите што го гледаа завртен на запад, се биеја шега со овчарот: Арно ама сонцето прво на запад огреало, да после излегло за сите да го видат. Свикал овчарот:

– Ене го, ене го, го видов сонцето.

И кога видоа, вистина беше го видел и на часот беа го воцариле него за цар.

Поминаа многу годиње како што му рече коа го натера да бидит цар. Беше му рекол, некоаш да го смисли. Една вечер беше му се сонил Прохорија и беше му рекол:

– Овчаре, честити царе, смисли Бога и за мене, дојди та види ме.

Кога беше го видел тоа на сон, станал утрото и понесол азно, та пошол да го бара Прохорија. Сопрво направил еден манастир во село Нагоричино се со делкани камења и темлото – се од ореоо дрво делкано (копаница). Тој манастир јет и ден денеска. Храмо му је Свети Прохорија.

Тргнал царот да го бара по планиње и дошол кај планината Старец, та нашол еден старец и го прашал срарецот:

– Абре старче, дали си видел некој човек во оваа планина да живеит во некоја пештера.

– Не сум видел чоек честити царе – му рекол старио – туку отспротија во Пчинската планина гледам еден орел од неколку дни кај се виет на онаа пештера, да не нешто имат тамо некој чоек умрен.

Планината Старец е останата да се викат од името на старецот што го нашол царот.

Кога отишол царо тамо, беше го нашол Прохорија умрен и утокмен (преставен) во келијата. Лицето му светело како на ангел и се посветил. Го кренал царо да го носи на манастиро што го напраи кај селото Нагоричани, ама на царо во соно беше му дошол Свети Прохорија и беше му рекол: да не го носит во тој манастир, кај што му го направил, ами да појди на некоја капина и од неа ќе излезел бел зајак, до таа капина олтаро да му го напраит на манастиро  што ќе го напраит, и тука гробот да му го напраит. Видел-невидел царот, напраил друг манастир до капината, и капината јет и ден- денеска спружена над олтаро над кубето.

И храм му се нарекол Света Богоројца, чунки Свети Прохорија немат во календарот празник. На ден Богоројца се собират собор од сите страни; кој за здравје кој од мака за лекуање, чунки кај што јет закопано телото од светијата, имат една дупка од кај што течит миро, и секој чоек, болен или здрав, ќе се миропомаза. На мнозина здравје му се дало од тоа миро.

Ете каква чудесија му се сторила на Димитрија Стефанов (Лисичков). Како што ми прикажуаше тој, на многу години одел на панаѓур на Пчинскио манастир и многу пати му го пеел житието од Свети Прохорија, со рака пишано (Д. Ст. ми каза оти имало многу стари ракописи). И од многуто пати што го пеал, го научил изус та ми го кажа за да го пишам. На Д. Стефанов беше му се ватила десната рака, нито можел да се прекрсти нито ништо не беше можел да стори. До што било екими, се беше обишол и ништо сељамет не беше видел. Мнозина му велеле да одит по баснарки, од ограма да не му је; арно ама тој никако неќел да оди по ѓаола, ами си ошол на реченио манастир и си ја миропомазал раката. За чудо големо, по малу време, кога си тргнал за дома беше му се пуштила раката.

Иконата од светијата јет многу стара и, кај што јет обесена, сама се мавта, најмногу во таа недела кога се велит евангелието „Земи си крсто и ела по мене“, а во друзите дни помалку. Царот што му напраил манастиро и гробо му ја зел тогај глаата од Свети Прохорија и си ја однесол кај себе, да Свети Прохорија сега бил тамо без глаа закопан.

Manastir_Prohor_Pcinjski

Речиси сите истражувачи се согласни дека Прохор Пчињски живееел во 11 век со тоа што некои претпоставуваат дека се родил кон крајот на 10 век, а починал во 11 век. Најголем доказ за ова е спомнувањето на ловецот Диоген, кој подоцна станал цар на Византија. Тоа всушност е царот Роман Четврти Диоген, кој владеел од 1067 до 1071 година. Поради фактот што свети Прохор бил старец за време на нивната средба, тогаш има основа претпоставката според која свети Прохор се родил на крајот од 10 век. Ова значи дека и тој извесно време бил современик и жител на Самуиловото царство.

Познато е дека Самуиловото царство било освоено од Византија во 1018 година. Веќе во 1040 година Македонците кренале востание под раководство на Петар Делјан. Свети Прохор Пчињски бил современик и на овие бурни настани. Историските податоци говорат дека војската на Петар Делјан поминала токму низ крајот каде во тоа време се подвизувал свети Прохор Пчињски.

Поради тоа што ловецот (а подоцна цар) Диоген ловел крај пештерата во која се подвизувал свети Прохор Пчињски, најверојатно дека и самиот имал македонско потекло. И денес е позната пештерата каде тоа се случило. Таа се наоѓа недалеку од црквата “Свети Ѓорѓи” близу селото Старо Нагоричане. Всушност, овде била црквата подигната од царот Роман Четврти Диоген, која подоцна била урната, а на нејзините темели во почетокот на 14 век била подигната нова.

Во 1965 година биле откриени и остатоци од малата црква што царот Роман Четврти Диоген ја подигнал на местото каде ги открил моштите на свети Прохор Пчињски. Оваа црква била откриена на падините на планината Рујан на десниот брег на реката Пчиња.

Историските податоци зборуваат дека Роман Четврти Диоген и навистина на млади години отишол во Цариград каде стапил во воена служба, а на престолот на Византија дошол откако се оженил за царицата Евдокија, која била вдовица на претходниот император Константин Осми Дука. Последните години од својот живот и тој ги поминал како монах.

На крајот да спомнеме дека од времето кога живеел свети Прохор Пчињски зачувани се документи во кои се спомнати Македонците како жители на Македонија. Така, на пример, по пропаста на востанието на Петар Делјан, некои од востаниците избегале на Сицилија. Тамошните хроничари од тоа време, во делото “Барски анали”, го овековечиле нивното доаѓање со следните зборови: “Од таму пристигнаа несреќните Македонци…”.

Manastir-Sveti-Prohor-Pčinjski-3

Прохор Пчински е роден во Македонија, во областа Овче Поле, од благочестиви родители Иван и Марија. Тие благородни, богобојазливи луѓе имаа и голем имот но секогаш го поставуваа Божјото пред световното, духовното пред материјалното и даваа и помагаа многу на сиромашните, но беа бездетни. За тој свој недостаток тие непрестано се молеа на Бога. И Бог ги услиша нивните искрени молитви и им дари машко дете и му го ставија името Прохор.

 Кога порасна Прохор, родителите сакаа да му најдат жена и да го оженат, како би имале наследници на имотот, но тој научен од нив да го бара најнапред Царството небесно , не сакаше и затоа отиде во Црквата да се помоли на Бога за да му го открие патот на спасението. Тој ден на Литургијата се прочита Евангелито, каде Христос говори: “Кој го сака таткото или мајката повеке од Мене, не е достоен за Мене. Кој остави. . . или жена или деца. . . Заради Моето име ќе прими стократно и ќе наследи живот вечен (Мт 10, 37) .”

Свети Прохор се трогна од тие зборови, заплака во душата и се помоли на Бога да го настави на патот кон спасението.

 Штом излезе од Црквата се упати во планината. Како што еленот се стреми кон водни извори (Пс.41,2), така и свети Прохор се устреми кон горската пустина од каде може непрестајно да пие од непресушливиот извор на жива вода, и се насели во горската пустина Нагоричанска во Жеглиговскиот крај. Таму најде пештера и покрај него мало изворче и се насели како во царски палати. Храната му се состоеше од диви плодови, треви и корења, и притоа јадеше едаш во седмицата. И кој би можел да ги опише сите неговите подвизи, во непрестајната молитва, солзи и трудови, во зимен мраз и летна горештина лежејѓи на гола земја наместо на мека постела. Навистина Испосник, навистина Пророк, навистина Маченик, кој лежи врз студен камен! И засветли со добродетелите како щајна ывезда од исток и запад со благодатта на пустиножител. На тоа место свети Прохор помина 32 години, без да види човек и живееше со горските ѕверови.

Еднаш по Божјо допуштение, кога старецот седеше пред неговата пештера, дотрча една исплашена срна и старецот ја праша: “Чедо , зошто си изморена”.  Диоген пак, ловецот, ја гонеше таа срна . Но кога дотрча Диоген и ја виде срната како спокојна лежи пред нозете на светителот се засрами и се исплаши од старецот па почна да бега. Тогаш светителот повика кон него “Диогене, не бегај, врати се, зашто и јас сум човек како и ти”. Тогаш Диоген уште повеке се исплши И кога го слушна своето име од старецот И со страв падна пред неговете нозе барајќи благослов. Старецот го благослови И му рече: “Диогене, да одиш во Цариград за да станеш цар. Но кога ќе се искачиш на престолот, спомни си за мене, старецот, дека ти го предскажав тоа !”

 Потоа Диоген си замина дивејки се на светиот старец, но набргу ги заборави тие негови зборови . А срната стана и тргна длабоко во гората и светителот по неа. Скитајќи така по гората , тој најде друга тесна пештера и се всели во неа, говорејќи: “Бог да го благослови ова место ”. Овде светиот старец продолжи со своите подвизи жеднеејќи за богопознание и непрестајна заедница со Бога. На тој негов пат кон духовното совршенство и обожението имаше и многу ѓаволски искушенија . Еднаш на светителот во пештерата му се јави во видение лав. Светителот се исплаши, но веднаш пред лавот застана ангел Божји и лавот во истиот момент исчезна. Свети Прохор му заблагодари на Бога зашто го испрати својор ангел да му помогне.

 На тоа место светителот помина други 30 години.По Божјата благодат светителот го предвиде своето заминување од овој свет, се прексти, ги виде светите ангели кои дојдоа во пештерата по неговата душа, се помоли за светот и се престави пред Бога на 14 Октомври/ 1 Ноември. И му почиваше таму неговото нераспадливо тело.

Тогаш свети Прохор му се јави на Диоген, кој веќе се беше зацарил во Цариград под името Роман Диоген (1067 – 1071), и му рече: “Ти ја заборави предходната положба, како што ме заборави и мене , старецот! ” Поразен од тоа сновидение, царот веднаш им прати луѓе да го најдат местото и да ги донесат моштите на светителот. Тие ги најдоа моштите, ги пренесоа до реката Пчиња, направија кивот*( ковчег), го украсија со злато и намислија да го пренесат во Цариград. Но моштите останаа неподвижни. Светителот се јави на сон на царот и му речеш “Нема да можеш да ме однесеш од тука!”

 Тогаш император на тоа место основа манастир на свети Прохор, го осветија и ѓи положија моштите на светителот оддесно на олтарот, каде сега има параклис. И веднаш потече миро од моштите на светителот од кое слепи прогледаа, сакати проодија и болни оздравеја. Постави , Диоген, и игумен во манастирот, и єромонаси и јероѓакони и монаси. Им даде и метоси за да можат самите да се прэрануваат. И прекрасно чудо , од гробницата на свети Прохор продолжуваше да истекува свето миро и да им дарува исцеление на сите, кои со вера пристапуваа да се поклонат неговие свети мошти. Да се удостоиме и ние со исцеление и спасение на душата, како и со телесно здравјє. Слава Му на Бога во сите векови! Амин.

St. Prohor Pchinski was born in Macedonia, in the region of Ovche Pole, by honourable parents Ivan and Marija. Those noble, Godfearing people also had great estate, but always put the divine before the secular matters, the spiritual before the material and were helping the poor as much as they could, however they couldn’t have children. For that defect they were constantly saying God’s prayers. And God heard their hearty prayers and gave them a baby boy, and they named him Prohor.

When Prohor grew up, his parents wanted to find him a woman and marry him, so that they could have heirs and leave their estate to them, but Prohor taught by them to seek the Kingdom of Heaven in the first place, didn’t like it and therefore went to the Church to say prayers to God in order to find the way to salvation. That day at the liturgy the Holy Bible was read, when Christ says: *One who loves his mother and father more than Me, is not deserving Me. One who leaves … either wife or children … because of My name will receive a hundred times more and will have eternal life! (Mt 10, 37) *

            Saint Prohor was affected by those words and started to cry within his soul and prayed to God to let him continue the way to salvation. And once he went out of the Church he made for the mountain. As the deer strives for the water springs (Ps. 41, 2), Saint Prohor strived and made for the mountain desert where he could drink incessantly from the everlasting spring of living water. He settled in the mountain desert of Nagorichane in the region of Zegligovo, where he found a cavern and a small spring and it was a royal palace to him. His food was wild fruits, grass and roots, eating only once in the week. And who could describe all his feats, in his constant pray, tears and efforts, in winter cold and summer heat lying on the very ground instead of soft bed. Real hermit, real prophet, real martyr, lying over a cold stone! Then he shone with his virtues as a bright star from East and West with his blessing of a hermit. At that place Saint Prohor passed 32 years, without seeing a single man and living with the mountain beasts.

      Once upon God’s allowance, when the old man was sitting before his cave, one frightened doe ran up to it and the old man asked her: “My dear, why are so weary?”. Diogenes the hunter was chasing the doe. When he came close to the man and saw the doe lying calmly in front of the saint, he felt ashamed and got frightened by the old man and ran away. Then the saint called upon him: “Diogenes, don’t run away, come back, because I am a man just like you”. Diogenes was even more frightened when he heard his name аnd fell down in front of the old man’s legs asking for blessing. The old man blessed him and told him these words: “Diogenes, go to Carigrad to become a king. But when you reach the throne, remember me, the old man, that I have foreseen it! ”

      After that Diogenes left admiring the holy old man, but soon he forgot those words. And the doe stood up and went deep in the forest and the saint came after her. Wandering across the forest, he found another narrow cave and settled there, saying: “God bless this place”. Here the holy man continued with his exploits seeking for God’s cognition and constant unity with God. On that way towards the spiritual perfection and deity he met many satanic temptations. Once while the saint was sitting in his cave saw a lion. The saint got scared, but one God’s angel stood in front of him and the lion disappeared at the same moment. Saint Prohor thanked God for sending him his angel to help him.

      The saint lived at that place for another 30 years. Upon God’s blessing the saint foresaw his last day, he crossed; he saw the holy angels coming inside the cave after his soul, prayed for the world and presented himself before God on 14 October/ 1 November. And his non-disintegrating body rested there.

       Then Saint Prohor showed to Diogenes, who was already a king under the name of Roman Diogenes (1067-1071), and he told him: You have forgotten the previous position, just as you forgot me, the old man! Defeated by that dream, the king sent people to find the place and to bring the relics of the saint. The people found the relics, transferred them to the river of Pchinja, made a “kivot” (casket), decorated it with gold and thought of taking it to Carigrad. But the relics could not be moved. The saint showed to the king in his sleep and told him: “You won’t be able to take me away from here!”

      *After that the emperor founded a monastery on that spot dedicated to saint Prohor, sanctified it and put the relics of the saint on the right to the altar, where now there is a wayside chapel. Chrism flowed right away from the relics of the saint; it made blind to see again, crippled to walk again and ill to get well. Diogenes sent one abbot in the monastery, along with priests and monks. He gave them “metohs” (lands) so that they could survive.  There was a miracle, from the tomb of saint Prohor chrism was still flowing and healing all the ill, who approached with faith to admire his holy relics. Let us also honour with healing and salvation of the soul, as well as with bodily health. Thank God! Amen.