Wednesday, 19 October 3132

Протест на еден македонски револуционер

Ин­терв­ју на Хри­сто Та­тар­чев за анг­ли­ски­от вес­ник „Деј­ли те­ле­граф“ за вре­ме на Илин­ден­ско­то во­ста­ние (7 сеп­тем­ври 1903 го­ди­на)

Во раз­вој­ни­от пат на Ма­ке­дон­ска­та ре­во­лу­ци­о­нер­на ор­га­ни­за­ци­ја (МРО), по­себ­но во пер­и­о­дот по Илин­ден­ско­то во­ста­ние, еден од на­чи­ни­те пред ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност да се при­ка­же цел­та на ре­во­лу­ци­о­нер­на­та бор­ба во ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја би­ле ин­терв­ју­а­та што ги да­ва­ле деј­ци­те на ор­га­ни­за­ци­ја­та во то­гаш­ни­те бал­кан­ски и свет­ски пе­ча­те­ни ме­ди­у­ми.

Пр­во­то ин­терв­ју на ви­сок ка­дар на МРО се слу­чи­ло во мај 1903 го­ди­на, по за­вр­шу­ва­ње­то на Сми­лев­ски­от кон­грес. Име­но, не­фор­мал­ни­от раз­го­вор во ед­на би­тол­ска ка­фе­а­на ме­ѓу Ни­ко­ла Ка­рев и се­кре­та­рот на грч­ки­от кон­зу­лат во Би­то­ла, Ион Дра­гу­мис, тој, под псев­до­ним, го пре­то­чил во ин­терв­ју, об­ја­ве­но во атин­ски­от вес­ник „Акро­по­лис“ на 8 мај 1903 го­ди­на.

Зна­чај­на уло­га во ин­фор­ми­ра­ње­то на свет­ска­та јав­ност за це­ли­те и за на­ста­ни­те во те­кот на Илин­ден­ско­то во­ста­ние има­ло Зад­гра­нич­но­то прет­став­ниш­тво (ЗП) на МРО во Со­фи­ја. Во тој пер­и­од зад­гра­нич­ни прет­став­ни­ци би­ле Хри­сто Та­тар­чев и Хри­сто Ма­тов, кои долж­но­ста ја из­вр­шу­ва­ле од кра­јот на 1902 го­ди­на. Во те­кот на во­ста­ни­е­то, ЗП во име на Ор­га­ни­за­ци­ја­та се обра­ти­ло до го­ле­ми­те си­ли пре­ку дек­ла­ра­ци­ја, во ко­ја би­ло истак­на­то де­ка вме­шу­ва­ње­то на европ­ски­те др­жа­ви би­ло единс­тве­но средс­тво да се от­стра­ни зло­то и да се за­пре про­ле­ва­ње­то крв. При­тоа, би­ло по­ба­ра­но, со сог­лас­ност на го­ле­ми­те си­ли, за гла­вен управ­ник во Ма­ке­до­ни­ја да се наз­на­чи хри­сти­ја­нин, кој не­ма­ло да при­па­ѓа на ос­ман­ли­ска­та ад­ми­ни­стра­ци­ја и ќе дејс­тву­вал не­за­вис­но од Ви­со­ка­та пор­та.

 

Во кни­га­та на бу­гар­ски­от исто­ри­чар Чо­чо Би­љар­ски, „Тај­ни­те на ВМРО: ле­ген­ди и сен­за­ци­о­нал­ни откри­ти­ја од неј­зи­ни­те во­да­чи“, е по­ме­стен на­пис од Со­фи­ја на до­пис­ни­кот на анг­ли­ски­от вес­ник „Деј­ли те­ле­граф“, од 7 сеп­тем­ври 1903 го­ди­на, под нас­лов: „Про­тест на еден ма­ке­дон­ски ре­во­лу­ци­о­нер“. Во во­вед­ни­от дел авто­рот на тек­стот го прет­ста­ву­ва сво­јот со­го­вор­ник ка­ко „еден од најв­ли­ја­тел­ни­те чле­но­ви на Вна­треш­ни­от ма­ке­дон­ски ре­во­лу­ци­о­не­рен ко­ми­тет“, чи­и­што дек­ла­ра­ции при­до­не­ле европ­ска­та јав­ност да ги доз­нае ви­стин­ски­те це­ли на бор­ба­та на ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри.

Во тој кон­текст, авто­рот сме­тал де­ка на та­ков на­чин би би­ла из­гра­де­на ви­стин­ска сли­ка за раз­во­јот на во­ста­ни­е­то. Во про­дол­же­ние бил опи­шан фи­зич­ки­от изг­лед на Хри­сто Та­тар­чев, кој бил „ви­сок, стро­ен чо­век на сред­на во­зраст со пре­дис­по­ни­рач­ко ли­це, ро­ден во Ма­ке­до­ни­ја, ле­кар по про­фе­си­ја“. Та­тар­чев му спо­ме­нал на сво­јот со­го­вор­ник де­ка прет­ход­но ни­ко­гаш не дал офи­ци­јал­но ин­терв­ју, но де­ка во овој слу­чај ќе на­пра­вел иск­лу­чок, со цел „да ѝ ги об­јас­ни на бри­тан­ска­та пуб­ли­ка шпе­ку­ла­ци­и­те за од­но­си­те ме­ѓу Ма­ке­до­ни­ја и си­ли­те“.

 

Istorija100-Hristo-Tatarchev

Та­тар­чев раз­го­во­рот го поч­нал на след­ни­ов на­чин: „Ма­ке­дон­ски­те хри­сти­ја­ни не се ни­ту бун­тов­ни­ци по при­ро­да, ни­ту ре­во­лу­ци­о­не­ри по про­фе­си­ја; тие се скром­ни, ра­бот­лив на­род, со жел­ба да ра­бо­тат мир­но и се за­гри­же­ни да ги до­би­јат пло­до­ви­те од сво­јот труд“. Во про­дол­же­ние Та­тар­чев го спо­ре­ду­ва хри­сти­јан­ско­то на­се­ле­ние во Ма­ке­до­ни­ја со Шкот­лан­ѓа­ни­те во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, за кои тер­ми­ни­те „Устав“ и „пар­ла­мен­тар­ни ин­сти­ту­ции“ не оз­на­чу­ва­ле ни­што. Спо­ред не­го, обес­пра­ве­но­то на­се­ле­ние ба­ра­ло са­мо пра­во на тру­дот и са­ка­ло да ги до­бие при­хо­ди­те од сво­ја­та „не­у­мор­на ра­бо­та“. За­тоа Та­тар­чев наг­ла­сил:

„Дај­те им го тоа и тие уште утре ќе го фр­лат оруж­је­то. Нив­ни­те ба­ра­ња, во су­шти­на, се мно­гу скром­ни и ду­ри нај­ед­но­став­ни­те се­мејс­тва и по­е­дин­ци не мо­жат да оп­сто­јат со по­мал­ку. Тр­пе­ни­е­то ни е до­каз за на­ша­та искре­на жел­ба да жи­ве­е­ме во мир, за­тоа што ние че­кав­ме на ве­ту­ва­ња­та за ре­фор­ми од Бер­лин­ски­от кон­грес ре­чи­си це­ла ед­на ге­не­ра­ци­ја и се кре­нав­ме про­тив Тур­ци­ја ед­вај то­гаш, ко­га жи­во­тот ста­на не­под­нос­лив од ужа­сот пред вој­на­та со мус­ли­ма­ни­те“.

 

Во про­дол­же­ние на раз­го­во­рот сле­де­ло про­во­ка­тив­но пра­ша­ње од стра­на на но­ви­на­рот, кој ги об­ви­нил ма­ке­дон­ски­те во­ста­ни­ци де­ка из­вр­ши­ле де­ла „од кои се згро­зу­ва хри­сти­јанс­тво­то, па ду­ри и це­ло­то чо­веш­тво“. На ова Та­тар­чев од­го­во­рил:

„Мо­же­би тие [де­ла] не мо­жат да би­дат оправ­ду­ва­ње, но мо­жат да се об­јас­нат отка­ко ќе се зна­ат зло­сторс­тва­та што ги пре­диз­ви­ка­ле. Тур­ци­ја, стра­ву­вај­ќи од европ­ска­та ин­тер­вен­ци­ја, во­ди по­ли­ти­ка на уни­шту­ва­ње за да не оста­нат ни­ка­кви хри­сти­ја­ни во др­жа­ва­та, ка­ко што на­пра­ви и во Ста­ра Ср­би­ја. Таа го по­стиг­ну­ва тоа пре­ку пре­фи­не­та су­ро­вост, ко­ја го бу­ди зас­па­ни­от див ѕвер во се­кое чо­веч­ко су­штес­тво. Оча­јот не поз­на­ва за­ко­ни; тоа е чи­ста лу­дост и ако се раз­ви­ва по­на­та­му, мо­же да да­де ду­ри уште по­у­жас­ни пло­до­ви. Тие не­шта не мо­жат да се оправ­да­ат, исто ка­ко што дејс­тва­та на чо­век, бо­рец за сво­јот жи­вот, но се об­јас­ни­ви и раз­бир­ли­ви. Ви прет­ста­ву­вам то­чен спи­сок на се­ла­та це­лос­но опо­жа­ре­ни од Тур­ци­те. Про­чи­тај­те го, пуб­ли­ку­вај­те го и за­пом­не­те де­ка тоа се се­ла во кои не се на­се­ле­ни ни­ка­кви бун­тов­ни­ци, ту­ку жи­вее са­мо стар на­род, же­ни и де­ца. За­пом­не­те ги, исто та­ка, не­о­пис­ли­ви­те на­силс­тва врз же­ни­те и де­ца­та, тие при­друж­ни опу­сто­шу­ва­ња, и ка­же­те ка­ков е тој прин­цип за на­ци­о­нал­ни пра­ва, кои би мо­же­ле да ги из­диг­не­те, за да го за­уз­ди­те гне­вот на та­тков­ци­те и на бра­ќа­та на тие не­за­шти­те­ни же­ни, се­стри и де­ца. Но, ту­ка има уште дру­ги две точ­ки, пре­ку кои, ве мо­лам, да го прив­ле­че­те вни­ма­ни­е­то на европ­ска­та јав­ност. На пр­во ме­сто тур­ска­та вла­да со пре­ду­мис­ла ги оста­ва на ми­ра во­о­ру­же­ни­те во­ста­нич­ки че­ти и се уби­ва­ат же­ни и де­ца, се раз­гра­бу­ва же­тва­та, се па­лат се­ла­та. Та­ка, ре­ди­ца се­ла во би­тол­ски­от ви­ла­ет, Ре­сен, Охрид, Прес­па, Кру­ше­во, Ки­че­во, прет­ста­ву­ва­ат се­га ку­пи­шта ур­на­ти­ни, а дејс­тва­та про­тив во­ста­ни­ци­те се пре­ки­на­ти. До­пу­шта­те ли де­ка отка­ко овие си­стем­ски уни­шту­ва­ња се доз­во­ле­ни, во­ста­ни­ци­те, до­ве­де­ни­те до бес, ќе за­прат ли пред што би­ло? Штом си­ли­те се­ат ве­тер, ко­га ги не­ги­ра­ат еле­мен­тар­ни­те чо­ве­ко­ви прин­ци­пи, тоа по­доц­на ќе ож­нее бу­ра. На­род, бо­реј­ќи се со див­ја­ци и осу­ден да умре, ќе ги за­бо­ра­ви и све­ти­те за­ко­ни од тие на на­ци­и­те.

Вто­ра точ­ка, пре­ку ко­ја ќе го на­со­чам вни­ма­ни­е­то на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, е не­среќ­но­то вли­ја­ние што го има­ше по­се­та­та на ру­ска­та еска­дри­ла врз по­лож­ба­та на хри­сти­ја­ни­те и по­ве­де­ни­е­то на Тур­ци­те. По­ра­но, по­тис­на­ти­те хри­сти­ја­ни апе­ли­раа кон европ­ски­те кон­зу­ли, кои, во слу­чај да бе­ше воз­мож­но, им по­ма­гаа ус­пеш­но и се­ко­гаш им да­ваа на­деж. Но, по смрт­та на гос­по­ди­нот Рос­тков­ски и од пов­ле­ку­ва­ње­то на ру­ска­та еска­дри­ла, кон­зу­ли­те, им­пре­си­о­ни­ра­ни од ре­ше­ни­е­то на си­ли­те да го доз­во­лат уби­ва­ње­то на хри­сти­ја­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја, про­ја­ву­ва­ат го­ле­ма ре­зер­ви­ра­ност и ги уве­ру­ва­ат ло­кал­ни­те жи­те­ли што до­а­ѓа­ат кај нив, де­ка за сè тре­ба да се обра­тат кај Хил­ми-па­ша, кој ра­бо­тел за нив­но до­бро. Од дру­га стра­на, Тур­ци­те се охра­бре­ни од нак­ло­не­то­ста на Ру­си­ја, и, уште по­ве­ќе, од по­ли­ти­ка­та што ле­жи во ос­но­ва­та на тоа. Тие зна­ат де­ка Ру­си­ја и Ав­стри­ја склу­чи­ле обрач око­лу две­те за­во­ју­ва­ни стра­ни, и не­ма да до­пу­штат ни­ка­кво ме­ша­ње во не­рам­на­та бор­ба. От­ту­ка, сле­ду­ва и но­ва та­кти­ка пре­зе­ме­на од Пор­та­та, при­вре­ме­но за­пи­ра­ње на су­ди­ри­те со во­ста­нич­ки­те че­ти и бес­мис­ле­но опу­сто­шу­ва­ње на се­ла­та и на нив­ни­те не­за­шти­те­ни жи­те­ли. Во очи­те на ма­ке­дон­ски­те се­ла­ни, хри­сти­јан­ски­те си­ли се пре­тва­ра­ат во ефе­ктив­ни со­јуз­ни­ци на мус­ли­ма­ни­те. Ние со ра­дост би са­ка­ле да се трг­не тој впе­ча­ток, но гле­да­ме де­ка тоа е не­воз­мож­но. Прес­ме­та­но е та­ка да се на­не­се не­о­пис­ли­ва ште­та“.

 

Из­не­на­ден од искре­но­ста и од дип­ло­мат­ски­те ма­ни­ри на Хри­сто Та­тар­чев, но и од не­го­во­то ре­ал­но прет­ста­ву­ва­ње и од огром­ни­те поз­на­ва­ња за си­ту­а­ци­ја­та во ос­ман­ли­ска Ма­ке­до­ни­ја, анг­ли­ски­от но­ви­нар го пра­шал сво­јот со­го­вор­ник да­ли е ов­ла­стен да „го­во­ри од име­то и во ко­рист на Вна­треш­ни­от ма­ке­дон­ски ко­ми­тет“. По по­тврд­ни­от од­го­вор на Та­тар­чев, сле­де­ло на­ред­но­то пра­ша­ње: „Ќе ги из­не­се­те ли ва­ши­те ба­ра­ња од оваа по­зи­ци­ја?“ Та­тар­чев без дво­у­ме­ње се сог­ла­сил со тоа, и про­дол­жил:

„ал­фа и оме­га на на­ши­те ба­ра­ња е да има­ме хри­сти­јан­ски ге­не­рал-гу­вер­нер од не­у­трал­на европ­ска др­жа­ва и по­сто­ја­на ме­ѓу­на­род­на кон­тро­ла. Ние не­ма­ме ни­ка­кви илу­зии, не се во­ди­ме од ни­ка­кви уто­пи­ски фан­та­зии, но ка­ко пра­кти­чен на­род го са­ка­ме са­мо тоа, кое, ка­ко што им е поз­на­то на си­те ци­ви­ли­зи­ра­ни на­ро­ди, тре­ба да го има­ме, за во­оп­што да мо­же­ме да по­сто­и­ме. Ние ду­ри не са­ка­ме про­ме­ни во тур­ски­те за­ко­ни. Се­то тоа што го са­ка­ме е си­гур­ност за жи­во­тот и за имо­тот, и по­сто­ја­ни га­ран­ции, и де­ка се­то тоа ќе би­де ефе­ктив­но. Из­ја­ву­вам де­ка си­те ние ќе го оста­ви­ме оруж­је­то тој ден ко­га ќе го до­би­е­ме се­то тоа“.

 

Раз­мис­лу­вај­ќи на глас, но­ви­на­рот зак­лу­чил де­ка до­кол­ку го­ле­ми­те си­ли про­дол­жат со по­ли­ти­ка­та на не­ме­ша­ње, бун­тов­ни­ци­те, ка­ко што тој ги на­ре­ку­вал ма­ке­дон­ски­те во­ста­ни­ци, ќе би­дат при­ну­де­ни „без­ус­лов­но да ја на­пу­штат бор­ба­та“. Та­тар­чев ка­те­го­рич­но го не­ги­рал тоа, из­ја­ву­вај­ќи:

„За на­род до­ве­ден до бес, не­ма се­зо­ни, не­ма бе­ди, не­ма пре­гра­ди. До­а­ѓа­ње­то на зи­ма­та не­ма да зна­чи крај на бор­ба­та на ни­ка­ков на­чин, но не­сом­не­но ќе ја про­ме­ни неј­зи­на­та фор­ма. Во­ста­ни­е­то е пос­ле­ден обид хри­сти­ја­ни­те да го до­би­јат пра­во­то на жи­вот и не­го­ви­от ус­пех ќе би­де пре­су­ден, пос­ле­ден. Тоа ќе за­вр­ши со за­до­во­лу­ва­ње на на­ши­те скром­ни ба­ра­ња или, пак, со уни­шту­ва­ње на хри­сти­ја­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја. Из­бо­рот ме­ѓу тие две мож­но­сти е во ра­це­те на си­ли­те и ние на­ско­ро ќе раз­бе­ре­ме што из­бра­ле, но ве­ра­та де­ка во зи­ма­та ќе се ис­пол­ни тоа што тур­ско­то ди­ве­е­ње е не­моќ­но да го ос­тва­ри, е дет­ски, на­ив­но, и до­ка­жу­ва де­ка Евро­па не мо­же да раз­бе­ре ка­ква е си­ту­а­ци­ја­та. Ние сме твр­до ре­ше­ни и ќе ја во­ди­ме вој­на­та до­крај“.

 

Ко­га ја уви­дел ре­ше­но­ста на сво­јот со­го­вор­ни­кот, но­ви­на­рот го пра­шал Та­тар­чев: „Не­ма ли да би­де по­до­бро уште вед­наш офи­ци­јал­но да апе­ли­ра­те до на­ро­ди­те во Евро­па и, исто та­ка, кон си­ли­те, об­јас­ну­вај­ќи им ги ва­ши­те по­зи­ции, та­ка ка­ко што ми ги об­јас­ни­вте и на ме­не, и да ги по­со­чи­те ал­тер­на­ти­ви­те?“ Та­тар­чев од­го­во­рил:

„Јас ве опол­но­мо­шту­вам вас да го со­оп­шти­те тоа, но сум го­тов да из­да­дам и пос­ле­ден апел кон на­ро­ди­те и кон си­ли­те са­мо до­кол­ку тоа би има­ло не­ка­ков ефект“. Анг­ли­ски­от но­ви­нар го со­ве­ту­вал Та­тар­чев да го на­пра­ви тоа кол­ку што е мож­но по­бр­зо на­де­вај­ќи се де­ка на тој на­чин ме­ѓу­на­род­на­та јав­ност ќе има „по­го­ле­ма до­вер­ба во ва­ше­то де­ло откол­ку прет­ход­но, и при се­ко­ја си­ту­а­ци­ја не­ма да си на­ште­ти­те, ако го за­поз­на­е­те све­тот, што би би­ло пос­лед­но, во слу­чај на Тур­ци­те да им се од­вр­зат ра­це­те“. Ос­но­ва­чот на МРО и прв пре­тсе­да­тел на ЦК на ор­га­ни­за­ци­ја­та, а то­га­шен зад­гра­ни­чен прет­став­ник, од­го­во­рил:

„Тоа ќе би­де таж­на, но ве­ро­до­стој­на прог­но­за би­деј­ќи, ве­ру­вај­те ми, уни­шту­ва­ње­то на ма­ке­дон­ски­от на­род ќе би­де по­ра­ди са­ма­та при­ро­да на про­це­сот и на стра­сти­те, кои ќе се ос­ло­бо­дат, при­дру­же­ни од де­ла, кои со страш­на­та ви­сти­на ќе го рас­тре­сат све­тот“.

 

На крај од раз­го­во­рот Та­тар­чев на но­ви­на­рот му го пре­дал спи­со­кот на це­лос­но из­го­ре­ни­те ма­ке­дон­ски се­ла, со огра­бе­ни и уни­ште­ни имо­ти, број на уби­е­но ци­вил­но на­се­ле­ние и опу­сто­ше­ни зем­јо­дел­ски по­вр­ши­ни. Со­фи­ски­от до­пис­ник на вес­ни­кот „Деј­ли те­ле­граф“ со­се­ма ни ја до­ло­вил ат­мо­сфе­ра­та во бу­гар­ска­та пре­стол­ни­на по јав­но­то обе­ло­де­ну­ва­ње на спи­со­кот, кон­ста­ти­рај­ќи:

„Пуб­ли­ку­ва­ње­то на спи­со­кот на из­го­ре­ни­те се­ла од Тур­ци­те и по­сег­ну­ва­ња­та из­вр­ше­ни над на­се­ле­ни­е­то пре­диз­ви­ку­ва­ат из­ве­сен сте­пен на воз­бу­да и не­кои од ор­га­ни­те на пе­ча­тот по­ви­ку­ва­ат на актив­на по­ли­ти­ка за за­шти­та на Ма­ке­дон­ци­те, но [бу­гар­ска­та] вла­да оста­ну­ва не­за­ин­те­ре­си­ра­на“.

 

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 100. број на неделникот „Република“, 1.08.2014)