Monday, 23 October 2017

Писмо од Пиколомини до царот Леополд

 

“Тогаш решив, иако не од се срце, градот Скопје да го закопам во пепел.

Ми беше жал за зградите, какви во оваа војна уште не бев видел; џамиите од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници кандила и позлатени алкорани, на кои би им посветил внимание човек и од Рим; потоа убавите старини, градини и места за забава, иако според варварски вкус направени, големите средства за живот, сето тоа, сакал-неќел, морам на пламенот да го дадам. Но, за да не му оставам на непријателот ништо што може да се зачува, стравот и трепетот меѓу варварските народи да го раширам и оружјето на својот господар и во најдалечните краишта да го направам  страшно, се решив да ја извршам таа работа…

По сите градски ќошиња се поставија луѓе со гламни. На знакот од трите топовски истрели се вивна пламен и чад, го помрачуваше сонцето на 26 октомври и другиот ден по него. Ние стоевме на еден висок рид и, под звуците на војничките инструменти, го гледавме огнот над ова убаво место, навистина не без мака и жал…”

Љубен Лапе, Одбрани четива  за историјата на македонскиот народ, Скопје 1951