Monday, 23 October 2017

Писмо од Кузман Пасхалов до Димитар Робев

Охрид, 17 февруари 1861 г.

Почитуван господин Димитрие!

Вчера околу 11 часот претпладне испратениот од битолскиот паша сердар Абидин-бег по подмолното интриганство на св… во врска со преследувањето на последниот против славјанштината ја претресе куќата на нашиот општ пријател Димитар Хр. Миладинов, кого окован го доведе овде и веројатно ќе го однесе и понатаму.

Поради тоа, уверен во вашето родољубие и грижливост за татковината, се осмелувам да Ве замолам од негово и мое име, како и од името на целата татковина и народноста, движени од човекољубие, да не допуштите да пострада со нешто нашиот почитуван учител, кој ја облагодетелствува целата наша татковина, но да направите се што е можно според Вашето разбирање: или да се застапите таму во Битола, или телеграфирајте на Вашите познати во Цариград, ако се наложи тоа, или пак употребете друго средство: со еден збор, да направите се што сметате и колку се може побрзо, за да се откине тој од тоа дереџе.

Изгледа дека и тој господин Георги Чакарис и Јован Евридис биле уапсени потоа, а под сомневање има и други. Ова Ви го пишувам набрзо и останувам со особено почитување кон Вас во очекување на вашиот одговор.

Целосно готов: Козма А. Пасхалис