Tuesday, 19 September 2017

Писмо на Теодосиј Гологанов до папата Лев 13ти

До Светиот Отец Папата Лев XIII
Рим

Јас, долупотпишаниот Митрополит скопски Теодосиј, по Милоста Божја киријарх на Скопската епархија, ја поднесувам оваа своја молба од свое име и од името на православната паства од Македонија, со која ја молиме Неговата Светост да нè прими во крилото на Римокатоличката црква, откако ќе ни ја обнови стародревната Охридска архиепископија, незаконски укината од султанот Мустафа III во 1767 година и ја стави во канонско единство со Римокатоличката црква. Нашата желба произлегува од историското право на македонскиот православен народ да се ослободи од јурисдикцијата на туѓунските цркви, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, да се обедини во своја единствена православна црква и да ги добие сите белези на народ кој има право на самостоен духовен и културно-просветен живот.

Ве молиме, Ваша Светост, да ги имате предвид специфичностите на правослвјето, од кои православниот народ никогаш нема да се откаже: независноста во духовен поглед, богослужбата и свештеничката облека.

Се препорачувам на Вашите молитви и снисходливо Ви се поклонувам, Ваш во Христа и молитвеник,
Теодосиј, Митрополит скопски