Monday, 23 October 2017

Мијачкиот бајрак

Најстариот зачуван македонски бајрак e Знамето на Мијаците. Најстарите сочувани два примерока се стари 200 години.
Мијачкиот бајрак е сочинет од следниве елементи:
– централно е поставено сонце, симболот на Македонците уште од античко време;
– во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС – ХР / НИ – КА, односно “Исус Христос Победник;
– на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево – двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.
Но, иако сите го знаат како мијачки, бајракот е општомакедонски, бидејќи бил користел кај сите Македонци во минатото, а се задржал до денешни дни кај мијаците, поради нивната излолираност во високите западномакедонски планини. Мијакот Исаја Мажовски (1852 г. -1922 г.) од с. Лазарополе, во своите Спомени пишува дека македонскиот бајрак се користи уште од времето на античка Македонија, а особено по поделбата на Александровото Македонско Царство меѓу “Македонските Војводи (цит.)“ (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ “Възпоминания”, София, 1922 г., 19/20 стр.).
Според Мажовски, македонскиот бајрак бил забранет да се користи од страна на турците во време на османлиското владеење на Македонија. Но, бајракот останал најдоцна во употреба во градска средина во градот Костур (егејска Македонија) до втората деценија на 19 век, кога турците официјално го забраниле по иницијатива на фанариотите – грчките свештеници (ИСАЙЯ МАЖОВСКИ “Възпоминания”, София, 1922 г., 19/20 стр.).
За македонскиот бајрак постои и стара македонска народна песна, која според Мажовски потекнува од античка Македонија и била посветена на Војводите на Александар Македонски:

“Застоjaл ми се воjвода,
Над големи град Солуна,
До него стоjaт два брата,
Два брата, два баjрактара
Високо баjрак држеје.
Тихиoт ветeр вееше,
Широко знаме ширеше,
Широка сенка држеше.
Све Солун града покрило,
И солунските чаршии,
В чаршии има седлари
И е млади златари,
Седлари седла правеjе,
Златари јузди лееје,
За тиа силни ајгри,
На македонските војводи.

Античка македонска песна, запишана од ИСАЙЯ МАЖОВСКИ „Възпоминания”, София, 1922 г., 20 стр.