Tuesday, 21 November 2017

Македонците во 15ти век

И јас си припомнав за големата потчинетост во која Турчинот го држи царот во Цариград и сите Грци, Македонци и Бугари, па и деспотот на Расија (Рашка) и сите негови поданици, што е многу жално за целото христијанство.

А има исто така, како што порано кажав, многу христијани кои присилно го служат Турчинот, како Грците, Бугарите, Македонците, Албанците, Есклавоните, Расијанците и Србијанците, поданици на деспотот на Расија и Власите, кои, како што ми е речено, кога би ги виделе христијаните, а особено Французите, во голем број против Турчинот, тие би му нанесле многу штета и би му го свртеле грбот, зошто тој ги држи во тешко ропство.

Бертрандон де ла Брокиер „Патување преку морето“ 15ти век