Sunday, 19 October 8228

Днев­ни­ци­те на ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри

Во рас­вет­лу­ва­ње­то на одре­де­ни исто­ри­ски на­ста­ни, про­це­си или по­ја­ви, исто­ри­ска­та на­у­ка се слу­жи со нај­раз­лич­ни ви­до­ви исто­ри­ски из­во­ри. Во таа на­со­ка, а со цел автен­тич­но да би­дат ре­кон­стру­и­ра­ни на­ста­ни­те од Илин­ден­ско­то во­ста­ние, исто­ри­ча­ри­те се во по­сто­ја­на по­тра­га по исто­ри­ски ма­те­ри­ја­ли и из­во­ри.

Име­но, еден од нај­у­по­тре­бу­ва­ни­те из­во­ри се днев­ни­ци­те на ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри. Нив­на­та вред­ност е огром­на, со мнош­тво по­зи­тив­ни ас­пе­кти. Име­но, тие прет­ста­ву­ва­ат нај­ре­ле­ван­тен до­каз за слу­чу­ва­ња­та во те­кот на во­ста­ни­е­то би­деј­ќи би­ле пи­шу­ва­но во мо­мен­тот ко­га исто­то се слу­чу­ва­ло, за раз­ли­ка, на при­мер, од спо­ме­ни­те кои се пи­шу­ва­ни по­доц­на и, пред сè, се ба­зи­ра­ни на се­ќа­ва­ња, во кои има ре­ди­ца суб­је­ктив­ни окол­но­сти. За таа цел во овој текст ќе прет­ста­ви­ме са­мо мал дел од днев­ни­ци­те на ма­ке­дон­ски­те ре­во­лу­ци­о­не­ри, со цел ма­ке­дон­ска­та јав­ност из­вор­но да се за­поз­нае со слу­чу­ва­ња­та за вре­ме на илин­ден­ска­та епо­пе­ја.

 

Istorija99-2

Еден од во­да­чи­те на во­ста­ни­е­то во ко­стур­ска­та око­ли­ја бил Ва­сил Ча­ка­ла­ров, кој со сво­ја­та хра­брост, во­е­ни спо­соб­ност и авто­ри­тет пре­рас­нал во идол не са­мо ме­ѓу ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние во Ко­стур­ско, ту­ку, оп­што, во це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Во сво­јот днев­ник В. Ча­ка­ла­ров на след­ни­ов на­чин го опи­шал пр­ви­от ден од по­че­то­кот на во­ста­ни­е­то:

 

20 ју­ли (2 август), не­де­ла – Дре­нов­ски Осој

Од ра­но на­у­тро дој­де Ли­ко Ле­ка­ров и ни до­не­се ед­но окруж­но пис­мо од шта­бот, во кое ни пи­шу­ваа за де­нот на во­ста­ни­е­то. За на­ше го­ле­мо чу­де­ње, ви­дов­ме де­ка ни пи­шу­ва­ат де­ка но­ќта спро­ти 21 ју­ли (зна­чи ве­чер­ва!) се об­ја­ву­ва во­ста­ние во це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Тоа мно­гу нè за­чу­ди и нè из­не­на­ди за­што не до­пу­шта ни­ка­кво вре­ме за да ги на­пра­ви­ме нуж­ни­те рас­по­ре­ду­ва­ња.

Ка­ко и да е, се за­фа­тив­ме со рас­по­ре­ду­ва­ња­та. Ре­шив­ме да пра­ти­ме во Ко­стур по двај­ца лу­ѓе во не­кол­ку ано­ви и во че­ти­ри ча­сот по пол­ноќ да ги пот­па­лат ани­шта­та. Го ис­пра­тив­ме Ва­не­та Мо­сков во Д’мбе­ни да го зе­ме Ла­зо По­пов­ски и да одат во анот на Ко­ле­то Ге­бре­шко да го за­па­лат не­го­ви­от ан. На Ди­чо Дре­нов­ча­рот анот, го за­дол­жив­ме ед­но мом­че од Ко­ном­ла­ди, Ма­но и де­до Ди­мо По­пов од Дре­но­ве­ни, во анот на Але­кси го ис­пра­тив­ме чет­ни­кот На­со Бап­чор­ски и за­ед­но со На­со Поп Ни­ко­лов да го за­па­лат. А жу­па­ниш­ча­ни не­кои дру­ги, а апо­ске­пе­ни дру­ги ани­шта, до­де­ка ние да се приб­ли­жи­ме, да ги на­пад­не­ме ша­то­ри­те, та со тоа да го одв­ле­че­ме вни­ма­ни­е­то на пра­ви­телс­тво­то и да соз­да­де­ме збр­ка­ност и страв. Ис­пра­тив­ме лу­ѓе во Д’мбе­ни и во Жу­па­ни­шта, пра­тив­ме пис­ма пре­ку Ли­по Ле­ка­ров во Смр­деш, пре­ку Поп Ки­ров во Ко­си­нец и В’мбел, Врб­ник, за да ги пре­се­чат те­ле­фон­ски­те жи­ци, ис­пра­тив­ме ед­но кра­тко окруж­но пис­мо со кое го об­ја­ву­ва­ме во­ста­ни­е­то. Ве­чер­та се раз­де­лив­ме со Ми­тро­ва­та че­та (че­та­та на Ми­тре Вла­ше­то, б.н.) и за­ми­нав­ме за Апо­скеп. Ту­ка ве­че­рав­ме, а Ро­зов за­ми­на на­кај За­го­ри­ча­ни, Кља­шев на­кај Бла­ца, а ние со Ла­зар Поп Трај­ков и со По­по­ва­та че­та (че­та­та на Иван По­пов, б.н.) и со Стер­јо­ва­та че­та (че­та­та на Стер­јо Стер­јов­ски) трг­нав­ме на­кај Ко­стур. Се срет­нав­ме со жу­па­ниш­ча­ни на опре­де­ле­но­то ме­сто. Ча­сот ве­ќе бе­ше 6, а Ко­стур уште не плам­на!

Апо­ске­па­ни не стиг­наа да одат во Ко­стур. Мал­ку оста­на Тур­ци­те да ги уло­ват и со три­ста ма­ки из­бе­га­ле! Бап­чо­ре­ни, и тие не при­стиг­наа на­вре­ме­но. Оста­ну­ва­ше да се на­де­ва­ме во Ван­че­то Мо­сков и во де­до Ди­мо, но не зна­е­ме што им се слу­чи и на нив. Та­ка или ина­ку, но факт е де­ка ни­што не ста­на во Ко­стур. Жу­па­ниш­ча­ни ни ка­жаа де­ка око­лу 100 аске­ри би­ле око­лу жу­па­нич­ки­те лоз­ја. Во Ше­сте­о­во има­ше дру­ги аске­ри, а до­де­ка стиг­не­ме на ме­сто­то, ни тре­ба­ше уште еден час и та­ка не ни оста­ну­ва­ше вре­ме за­што ско­ро ќе осам­не­ше. Освен тоа, ка­ква ко­рист ако оди­ме и истре­ла­ме не­кол­ку зал­па? За­тоа ре­шив­ме да се вр­ни­ме и се со­брав­ме на Апо­скеп­ска­та Пла­ни­на, кај „Ме­ли­ми­те“.

Окруж­но­то пис­мо пре­ку кое се об­ја­ву­ва­ло Илин­ден­ско­то во­ста­ние во Ко­стур­ско, а кое во сво­јот днев­ник го спо­ме­ну­ва Ча­ка­ла­ров и кое би­ло пре­пи­ша­но во сто­ти­на при­ме­ро­ци, гла­си:

„Во­ста­ни­е­то е об­ја­ве­но де­нес. Ма­ке­до­ни­ја е во отво­ре­на бор­ба со ти­ра­ни­нот. Ота­де Вич бор­ба­та поч­на де­нес на­у­тро. Ги ка­ни­ме си­те што мо­жат да но­сат оруж­је, спо­ред на­пра­ве­ни­от ред, да вле­зат во ре­до­ви­те на бор­ци­те! Да жи­вее авто­ном­на Ма­ке­до­ни­ја! Да жи­ве­ат бор­ци­те!“

Вто­ри­от при­мер што ќе го прет­ста­ви­ме во овој текст е ис­по­вед на во­ста­ни­кот Па­на­јот На­у­мов Ро­бев од се­ло­то Апо­скеп (Ко­стур­ско). Де­ло­ви од не­го­ви­от днев­ник се об­ја­ве­ни во кни­га­та „Днев­ни­ци и спо­ме­ни за Илин­ден­ско­то-пре­о­бра­жен­ско во­ста­ние“, из­да­де­на во Со­фи­ја, во 1984 го­ди­на.

 

27 октом­ври 1903 го­ди­на, Апо­скеп

Чуд­но не­што е на­ша­та зем­ја! Це­ли­от хри­сти­јан­ски свет по­ми­нал со хри­сти­јан­ски­те идеи, со хри­сти­јан­ски­те за­по­ве­ди, со дру­ги збо­ро­ви, со хри­сто­ви­от ми­рен дух на 19 век. Мно­гу се ла­жат тие што мис­лат де­ка по­ми­нал и по­ми­ну­ва и мис­ли де­ка и оди во ид­ни­на­та. Др­жа­ви­те, т.е. царс­тва­та мно­гу се ла­жат со тоа. Ако раз­мис­ли еден со­ве­сен чо­век, ќе раз­бе­ре де­ка хри­сти­јан­ски­те ца­ре­ви не се хри­сти­ја­ни, ту­ку вар­ва­ри и чо­ве­ко­у­биј­ци. Нај­го­ле­ми­от пре­стап, кој при­ста­пу­ва­ат да го на­пра­ват,  е де­ка го по­ви­ку­ва­ат на­ро­дот да се учи да уби­ва по­доб­ни. А Хри­стос ка­жал: не уби­вај! Тоа Хри­стос не го ка­жал са­мо на еден чо­век, кој ќе го убие пре­стап­ни­кот и ќе се рас­и­пе, ту­ку го ка­жал за си­те на­ро­ди. Убие ли не­кој не­ко­го, ај­де да го фр­ли­ме во тем­ни­ца и да го уна­ка­зи­ме, но тој чо­век и по­крај тоа си го до­жи­ве­ал уна­ка­жу­ва­ње­то,  и ако по­са­ка, уби­ва и друг, на­вик­нал тој ве­ќе на тем­ни­от жи­вот.

Ка­ква ко­рист од тоа? Е до­бро? Ако прет­ста­вам ед­на др­жа­ва ка­ко тој уби­ец, кој да ja уни­шти? Тре­ба да пад­нат од не­ко­ја дру­га пла­не­та лу­ѓе, не глу­па­ви и не чо­ве­ко­у­биј­ци, за да се уни­шти ца­рот и си­те око­лу не­го, кои го учат на­ро­дот ка­ко да ги уби­ва по­доб­ни­те и кои го под­др­жу­ва­ат чо­ве­ко­у­бис­тво­то. Еве пред не­кол­ку го­ди­ни ги оста­ви­ја да се те­па­ат и уби­ва­ат и да гу­бат чо­веч­ки жи­во­ти Анг­ли­ја и Тран­сил­ва­ни­ја. Се из­гу­би на­род, оста­наа вдо­ви­ци и си­ра­ци за ни­ка­кво и ни­што.

Не ли бе­ше по­до­бро на еден оп­што­др­жа­вен со­вет да се ре­ши нив­на­та рас­пра­ва? Мо­же­ше, но си­те сме жед­ни гле­да­чи во прет­ста­ва­та да гле­да­ме не­ка­кви ужас­ни сце­ни, на нас кои не чув­ству­ва­ме ни­ка­ква бол­ка. Исто та­ка и за грч­ко-тур­ска­та вој­на (1897 го­ди­на б.м.). Ту­ка по­втор­но се оста­ви­ја ѕверс­тва­та, вар­варс­тва­та, агре­си­ја­та, не­вер­ник да уби­ва ви­стин­ски хри­сти­ја­ни. Уште по чуд­но и срам­но за хри­сти­јан­ски­те царс­тва. А, уште нај­чуд­но е за по­ро­бе­ни­те хри­сти­ја­ни, кои се оста­ве­ни на Тур­чи­нот да вр­ши над нив не­чу­е­ни зло­сторс­тва и да ги уби­ва. Срам­но е за хри­сти­јан­ски­те ца­ре­ви да гле­да­ат 5 ве­ка да бес­нее и да не го из­бр­ка­ат. Ете оваа го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја се диг­на на во­ста­ние да се ос­ло­бо­ди од роп­ски­от ја­рем и да би­де и таа, ка­ко и дру­ги­те се­стри сло­бод­на.  Ца­ре­ви­те не го за­бр­зу­ва­ат ре­ше­ни­е­то за неа, зо­што Ма­ке­до­не­цот се­кој ден уми­ра од очај и дру­ги зло­сторс­тва, ду­ри и во зи­ма вле­гу­ва и се по­треб­ни мно­гу ра­бо­ти.

Жал­но за нас, гор­ко за нас, пак мис­лат таа да пад­не во нив­ни­те ра­це. До­ле ла­ко­ми­те, про­го­не­те ги! До­ле вој­ни­те! Не­ка ка­жат ца­ре­ви­те. До­ле ропс­тво­то!!! Не­ка го фр­лат оруж­је­то, не­ка не се учи на­ро­дот на чо­ве­ко­у­бис­тва, ту­ку на ра­бо­та, та­ка лу­ѓе­то да има­ат спо­којс­тво, мир, љу­бов и до­бро. Да­ли ќе се­дат мир­ни ца­ре­ви­те на пре­сто­лот и ќе мис­лат та­ка, но да­ли ќе на­пра­ват? Од­го­вор са­кам.

Со­се­ма на крај, за да го до­ло­ви­ме тра­гич­ни­от крај на Илин­ден­ско­то во­ста­ние, но и на­деж­та и вол­ја­та на ма­ке­дон­ско­то на­се­ле­ние да истрае во сво­ја­та цел, ќе ги ци­ти­ра­ме спо­ме­ни­те на ко­стур­ски­от во­ста­ник Ма­нол Ко­чов од се­ло­то Ко­ном­ла­ди. Во октом­ври 1903 го­ди­на, ко­га ве­ќе би­ло јас­но де­ка во­ста­ни­е­то би­ло во сво­ја­та за­врш­на фа­за, не­кој тре­ба­ло да им со­оп­шти на во­ста­ни­ци­те де­ка е крај, ин­фор­ма­ци­ја­та се раз­би­ра би­ла не­при­јат­на, осо­бе­но за ко­стур­ско­то ра­ко­водс­тво. Во тој миг пред на­со­бра­ни­те во­ста­ни­ци, на пла­ни­на­та Ви­чо, се обра­тил Ча­ка­ла­ров, кој го­во­рот го за­вр­шил на след­ни­ов на­чин: „Се­га сѐ е за­вр­ше­но, се­пак до­ка­жав­ме чи­ја е Ма­ке­до­ни­ја и да­ли ние, Ма­ке­дон­ци­те, зас­лу­жу­ва­ме сло­бо­да, за ко­ја уми­рав­ме, уми­ра­ме и ќе уми­ра­ме. Оде­те си­те по сво­и­те до­мо­ви, ве рас­пу­штам, го­ре гла­ви­те“.

(Пишува: Д-р Димитар Љоровски-Вамваковски
Текст објавен во 99. број на неделникот „Република“, 25.07.2014)