Те го гледаш те не го гледаш

Проектот Портрет на граѓанинот од ПЈРМ, 1998 (инсталација со инк-џет отпечатоци, цртежи и два тв-монитори) е само една од многуте инсталации на Александар Станкоски (на пример, Ужување на животот, 1990, Култура, Росариум Философорум, Љубов покрај Замбези, 1992, Капела за халуцинации, 1994).

Оваа интермедијална и партиципаторска инсталација најсеопфатно го презентираше искрениот интерес на уметникот за историографијата и за нејзината склоност кон манипулација со геополитичките идеологии, митовите и фантазмите на Балканот.

Вклучувајќи историски мапи на имагинарни држави (Голема Албанија, Голема Грција, Голема Србија) создадени од вистинските држави што имале хегемониски претензии кон Македонија, Станкоски ја користи директната уметничка апропријација: скенирање и печатење како метафора за “акумулацијата со одземање” (Дејвид Харви) што стои зад ваквите имагинарни картографии.

Сузана Милевска

Александар Станкоски на ЛОЗА 2012

кликни тука


Leave a Reply