Monday, 23 October 2017

Пролетна рамноденица, супер месечина и еклипса на сонцето

Овој петок Земјаните ќе имаат ретка можност да преживеат три космички настани во еден ден.

Супер месечина се случува тогаш кога месечината е најблизу до перигејот на Земјата за време на нејзиното елиптично орбитирање. Овој петок започнува фазата на нова месечина, воедно и супер – месечина.

Првиот официјален ден на пролетта во северната хемисфера, пролетната рамноденица, е ден кога она што го дефинирале како “замислена земјина оска” стои мирно, сонцето изгрева точно на исток а заоѓа точно на географскиот запад. Equinox (рамноденица) доаѓа од латински и значи еднаква ноќ.

Читајте повеќе за пролетната рамноденица.

Од кај нас, а и од цела континентална Европа ќе можеме да видиме делумно затемнување на Сонцето. Колку сте понасевер во Европа толку повеќе од дискот на Сонцето ќе биде затемнет од Месечината. Од Скопје околу 43.5 проценти од дискот на Сонцето ќе бидат затемнети за време на максимумот од затемнувањето во 10:45 минути на 20 март.

Читајте повеќе за затемнувањето на сонцето.

Сепак ние, луѓето, немаме доволно развиена свест за да јасно го почувствуваме овој космички баланс, бидејќи поради гравитацијата, половите се движат во Ѕ форма –циклус од 18,6 години (Њутн, 1687г.) – околу “замислената оска”, при што доаѓаат на својата почетна точка секоја “голема”, односно т.н. Платонска Година – на секои 25 776 човечки години, сеуште несфатливи за човечкото око. Затоа во неколку култури е зачувано преданието дека на рамноденица “јајце може да стои мирно исправено, без да паѓа”. Линеарното пресметување на времето е конфузно, и го сопира денешниот ум во обидите да разбере како тоа древните народи низ целиот свет го пресметувале времето преку циклуси.