Tuesday, 21 November 2017

Потрагата по гробот на Александар и натаму трае

Николас Сандерс во книгата „Гробот на Александар“ заклучува дека досега мистеријата за гробот на Александар Македонски останува неразјаснета. И ја завршуваа книгата со зборовите: „Изгледа на погрешно место се бара. Тајната и понатаму трае“

Луѓето сé уште не можат да се помират дека не е разјаснета тајната за гробот на Александар. Многубројните исцрпувачки археолошки ископувања не дадоа очекувани резултати.

Мистеријата за гробот на Александар сé уште е присутна, ги интригира луѓето и ја раздразнува нивната фантазија.

На оваа тема се јавил и современиот британски антрополог и археолог, универзитетскиот професор Николас Сандерс (Ницхолас Ј. Саундерс) со книгата „Алеџандер‘с Томб“, објавена 2006 год. Авторот на споменатата книга прави детален преглед на сé што е досега напишано од античко, римско, византиско време, од владеењето на Арапите, Отоманите до последните археолошки ископувања. За жал и големо разочарување на истражувачите, Николас Сандерс заклучува дека досега мистеријата за гробот на Александар Македонски останува неразјаснета. И ја завршува книгата со зборовите: „Изгледа на погрешно место се бара. Тајната и понатаму трае“.

Со оваа мисла на Сандерс изгледа треба да се стави крај на наметнатиот апсурд дека Александар е погребен во Египет.

Затоа пак треба да се вратиме кај Олимпија. По пристигнувањето на Роксана со синот Александар во Македонија, Олимпија ја напуштила Македонија и заедно со Роксана и омиленото внуче се преселиле во Молосија.Тука малиот Александар уживал во прекрасната епирска природа, богата во густи шуми, бистри реки, сводни мостови и топлите води на Јонско море. Сега Олимпија можела слободно да размислува како и каде да го зачува ковчегот со балсамираното тело на Александар. Олимпија успеала со вешта измама да го надмудри тогашниот свет. Сега на ист начин со многу внимателна претпазливост треба да го сочува и засолни ковчегот. Не била тоа лесна работа.

Се чинело дека најпогодно место би била Молосија и околината на Додона околу 25 км југозападно од сегашниот град Јанина во подножјето на планината Томарос. Но Молосија криела и опасности. Таа можела лесно да биде нападната од надвор, ако се дознаело нешто во врска со ковчегот, освен тоа Молосија била многу оддалечена од Пела и тешко би било пренесувањето на ковчегот, ако тоа го барале приликите.

Предвид доаѓала и Орестија како прапрестолнина на македонската држава. Таму се наоѓале и старите гробишта на Аргиадите. Нивните траги можат да се забележат во селата: Старичени, тумбите во Крчита и Кондороби и месноста Ватина над реката Бела Бистрица, притока на Аљакмон, односно Бистрица. Орестија пружела сигурни скривалишта, но и таа можела да биде нападната од надвор, како на пример кога била заземена од дарданскиот владетел Бардила. Неповолна пречка исто била и големата оддалеченост од Пела. Поприфатливо место кое ги исполнувало условите на Олимпија како скривалиште на ковчегот бил главниот град на Пелагонија – Стивера. Во нашата историографија не е доволно разјаснет поимот Стивера, а уште повеќе како главен град на Пелагонија. Зачудувачка бесмислица. Се стекнува мислење дека таквите научници немаат елементарно познавање за тоа каде и како се граделе македонските градови, особено главните градови на покраините кои биле градени на подножјата на планините каде имало услови за снабдување со вода и добри врски за комуникација.

На планинските гребени се граделе крепости кои служеле за стратегиски цели, а биле населени не само со војници туку и со цивилно население. Исто неразумно е да се бараат „северните граници на македонското кралство“, во пределите на Мариово кога Николас Хамонд има објавено карта на која се прикажани северните граници на македонското царство, а тие се простирале до сегашното српско гратче Бујановац. Тоа е потврдено и од српската академија на науките, која вршела четири години истражувања и потврдила дека урнатините на Бујановац потекнуваат од времето на Филип Втори.

Стивера во нашата историографија е прифатена како Стибера, што е погрешно. Интересно е што странските научници некои работи од минатото на Македонија подобро ги познаваат од нашите научници.
Николас Хамонд, на пример во својата книга „Пхилип оф Мацедон“ (Лондон, 1994) ја прикажува на карта Стивера Македонска, која се наоѓа до селото Чепигово, а 7,5 км источно, во сегашното село Тополчани е прикажана Стибера Римска, која била изградена во римско време. На истата карта можат да се видат и Идомена Македонска во близината на селото Смоквица и Идомена Римска што се наоѓа 16 км на север од Смоквица и е идентификувана од археологот Киро Ристов.

Исто може да се каже и за градовите Вилазора денешен Велес – најголемиот град на Пеонија и градот Билазора што се наоѓал во близината на Свети Николе и бил изграден во римско време.

извор: НОВА МАКЕДОНИЈА