Monday, 20 November 2017

Кој го заменил саркофагот на Александар

Кој и како ја создал фамата за наводното грабнување на ковчегот од страна на Птоломеј, никој не знае. А може и тоа е дел од големата измама на Олимпија? Камуфлажата била совршена. Додека ковчегот со балсамираното тело на Александар бил кај Олимпија, двојниот ковчег исполнет со мед тргнал кон Египет

По овој случај Антипатер во 321 година од старата ера пристигнал во Вавилон и го свикал Собранието на Македонците. Собранието за нов регент и чувар на царското семејство го избрало Антипатер. Направена била нова поделба на Александровото Царство и наименувани биле новите управители: Птоломеј да управува со Египет, Селевк да управува со Вавилонија и Сирија, Лизимах да управува со Тракија, Антигон Едноокиот со Мала Азија, а со Македонија и грчките државички да управува Антипатер. Се наѕирал по малку распадот на Александровото Царство. Тоа ја вознемирило Олимпија, но таа со нетрпение го очекувала враќањето од Вавилон во Македонија на Роксана и посакуваниот внук Александар. Средбата на Олимпија со Роксана и внукот Александар се случила во 321 година од старата ера во Амфипол. Тие веднаш заминале за Молосија. Таму се чувствувале најбезбедно.

Пред напуштањето на Вавилон од страна на Антипатер соѕиданото возило со ковчегот, му било предадено на Птоломеј за да му биде укажана чест на Александар во Египет, а потоа да бидат вратени во Македонија. За измамата да биде поубедлива, заедно со ковчегот биле оставени воената опрема, царскиот дневник, дијадемата, златниот сигнет и други реквизити.

Кој и како ја создал фамата за наводното грабнување на ковчегот од страна на Птоломеј, никој не знае. А може и тоа е дел од големата измама на Олимпија? Камуфлажата била совршена. Додека ковчегот со балсамираното тело на Александар бил кај Олимпија, двојниот ковчег исполнет со мед тргнал кон Египет.

Илјадници години оваа мистерија ги мачи умовите на луѓето жедни да ја дознаат вистината. Сите што пишувале за ковчегот на Александар ја повторувале приказната за грабнувањето на ковчегот од страна на Птоломеј, целосно запоставувајќи ја улогата на Олимпија, која била инволвирана во сите случувања во царството.

Како можел Птоломеј да ја прекрши заклетвата дадена на Олимпија и на таков дрзок начин да го грабне ковчегот на Александар без да побара согласност од Олимпија? Како е можно сите други генерали да не реагирале на таквиот самоволен акт на Птоломеј? Како можел Птоломеј, кој штотуку бил назначен за управител на Египет, да ја прекрши одлуката на Собранието?

Не треба да се заборава дека постоела и централна власт застапена од двајцата цареви Филип Трети и Александар Четврти и присутниот регент на Македонија, Антипатер. Се запоставува и тоа дека во погребната поворка која го напуштила Вавилон во 321 г. ст.е. освен Антипатер биле сите членови на царскиот двор, Роксана со синчето, царската гарда и генералот Аристон, командант на пеонската коњица со 3.000 коњаници. Аристон бил единствениот од најблиските генерали на Александар што не се втурнал во присвојувањето територии, туку се вратил во татковината и се ставил на располагање на Олимпија. Тој бил поставен за командант на крепоста Амфипол.

Амфипол бил наречен Сребрениот град на Александар или Град на девет порти (четири кон копното и пет кон морето) и претставувал важно стратегиско место. Кој го имал Амфипол, се зборувало тогаш, тој ја имал цела Македонија. Зачудува и фактот, што во цела оваа авантура никој не забележал дека Олимпија едноставно молчи. Како е можно Олимпија да седи со вкрстени раце, кога се работело за погребот на сина си. Како можело да се изврши таков погреб без нејзино присуство!

Погребната поворка што тргнала од Вавилон кон пристаништето Сидон била поздравувана од илјадници луѓе. Во Сидон Антипатер со целата придружба се качил на кораби и се упатил кон Амфипол во Македонија. Возилото со ковчегот на Александар било упатено во Египет според претходно постигнатиот договор. Приказната за наводното грабнување на ковчегот од Птоломеј била поврзувана и со смртта на Пердика за кого се раскажувало дека отишол да војува против Птоломеј за да го врати грабнатиот ковчег.

Вистината е сосема друга: Пердика починал уште кога ковчегот бил во Вавилон.

За гробот на Александар до денешното време се испишани тони хартија. Ништо не е чудно. Личноста на Александар, како најголем освојувач во светската историја, сé уште ги разгорува страстите кон неговата личност и дела. Со право секој си го поставува прашањето како е можно до сега да не биде откриено неговото вечно почивалиште. Луѓето бараат одговор и на прашањето што станало со неговиот гроб. Одговорот го спречува големата измама на Олимпија. Сите досегашни истражувачи ги запоставиле личноста и улогата на Олимпија и своите истражувања ги насочувале во погрешна насока. До вистината за гробот на Александар може да се дојде само преку Олимпија, која успеала да ги измами не само тогашните луѓе, туку и подоцнежните поколенија. Клучот за да се дојде до вистината е да се открие идентитетот на Македонците и да се навлезе во нивните души за да се разбере како тие размислувале и како ги реализирале своите идеи.