Monday, 23 October 2017

Лебед во страниците

И заборавеното, загубеното, недојденото, сега се тука, и тоа во осамено читање ве враќа; под тежината на вашите стапала, барања на мудроста, на лебедот свој; мрачни прегрнувања до осветлувања ненадејни по пештерите на вашата осама, до отсутно пиење чај – врв на некое чувство од кое кон себе се гледаш, а тој што те гледа – невидлив е, но очајно присутен со силата на своето барање за чистата убавина; ко жена бремена, насмевната во непознатото… (писмо до читателот)

Озвучена волшебност: