Thursday, 17 August 2017

Мистична космогонија

Пресоздавањето на древната космогонија, т.е. претставата за тоа како се појавува подредениот свет, е дел од програмата за реконструкција на мистични учења на Аријците. Едно такво дополнување дозволува да се создаде целосна слика за развојот на вселената, заснована врз принципи што се апсолутно различни од научните или од христијанските.

При разработката на космогонијата, вниманието на окулистите е насочено најмногу кон скандинавската и старогерманската митологија. Тие се претставуваат како верзии, преработени за народот, на уште постари нордиски верувања за создвањето на светот.

Освен тоа, теоријата е дополнета со претскажување за крајот на светот што впрочем, не се одликува со особена оригиналност.

Традиционалната митологија на староевропските народи не може сосема да ја избегне христијанизацијата. Главната причина за тоа е што митолошкото знаење се предава усно, во вид на саги или на песни, од постарото поколение на помладото. Се смета дека откривањето на тајните на создавањето на светот може да повлијае врз движењето на сите космички процеси, па дури да предизвика и пропаст на светот.

Во манастирите почнуваат да ги запишуваат легендите на латински. И во текстовите на „Големата Еда“ од Снори Стурлусон, научник и поет, има стихови со чие читање се создава впечаток дека се напишани за христијанскиот Бог: „Најважното е дека го создал човекот и му дал куќа која ќе живее вечно и никогаш нема да умре, дури и кога телото ќе стане прав. И сите достојни и праведни ќе живеат по својата смрт во Винголф (Островот на блаженството) а лошите ќе се најдат во Хел („пеколот“). Имајќи го предвид погоре напишаното за Водан, тешко можеме да го сметаме за грижлив, особено кон луѓето.

Според скандинавските митолошки претстави, боговите не го создаваат светот „од ништо“, како што се случува од аспект на христијанската космогонија. Создавањето се изразува во тоа што хаосот почнува постепено да се подредува и, како резултат на тоа, се добиваат се поправилни форми.

Така, во почетокот, Сонцето не знае каде е неговото место, а ѕвездите се движат низ небото како огнени искри. Со заеднички напори, боговите ги разместуваат, ги поставуваат во правилен ред и ги задаваат траекториите на движење на Сонцето и на Месечината.

Сочувани се, исто така, и постари варијанти на различни митови. Во една од нив се раскажува за Мунделфори, но тој се нарекува себеси човек, а не бог. Според преданието, тој има две деца кои се толку прекрасни што синот го нарекуваат Сонце, а ќерката Месечина. Тоа толку ги налутува боговите што тие му наредуваат на Сонце да управува огнена кола, а на Месечината да го следи движењето на ѕвездите. Но токму оваа, на прв поглед наивно прикажана историја, подоцна ќе биде претпочитана и таа, во значително преработен вид, ќе влезе во нордиската митска космогонија.

Окултните автори многу ги користат преработените верзии на митовите. Еден од првите што се зафаќаат со таа работа многу пред појавата на Третиот Рајх е Фердинанд Зебалд фон Верт. Од различните верзии на легендите на ариевскиот народ тој ги одвојува сите подоцнежни додатоци и внесени елементи и ги обединува во единствена концепција.

Според него, старата нордиска космогонија започнува со Создвањето: богот Мунделфори го создава светот од првичниот огнен хаос. Појавата на космосот од бесформната маса е момент присутен во многу варијанти на сличните митови. Но треба да нагласиме дека првичниот елемент кај Арбијците е огнот, што уште еднаш го потврдува неговото огромно значење во устројството на вселената.

Следната етапа е определувањето на спротивставените принципи темно и светло, материја и дух. Тие делови на создавањето на светот се идентификуваат и со енергиите на женското и на машкото. Нивното хармонично поврзување го создава совршениот ред.

Подоцна, оваа космолошка идеја наоѓа мистичен одраз во расната доктрина на рајхот. Се смета дека единствениот начин за ослободување на првичната творечка енергија, поставена во таа двојност, е преку обединувањето на чисти начела. По таа логика, создвањето на посовршен човек може да се постигне преку евгениката.

Проучувајќи ги култовите на древните германски народи, научниците на рајхот дојдоа до заклучок дека важно место меѓу нив заземаат сончевите празници. Гвидо фон Лист е првиот кој ја дава претпоставката дека тие го симболизираат првичното раѓање на Сонцето.

При создавањето на светот, Мунделфори користи „огнена метла“ – „размавтувајќи“ ја, го тера космосот да постои. Таа огнена метла има два соодноса: од една страна, тоа е првичната претстава на Сонцето, чистата огнена енергија зачната во огнениот хаос; од друга страна, таа упатува на свастиката како соларен знак.

Со помош на различните форми на свастиката, се илустрираат редоследните стадиуми на творечкиот процес. Тие се трансформираат од помалку совршени кои се посовршени и го определуваат принципот за развој на светот.

Како друг извор служат различни теозофски учења.

За највлијателно меѓу нив смело можеме да го посочиме учењето на Елена Блаватска, исклучително популарно во Европа во тоа време. Самата госпоѓа Блаватска повеќе од половната од својот живот поминува во патувања по Тибет и по други места што се прифатени како извори на окултното знаење, разговара со индиски јоги и со приврзаници на тајни секти.

Резултат од нејзината дејност е создавањето на Теозофското друштво во кое таа е врховен жрец. Меѓу другото, во амблемот на тоа друштво, во кое наоѓаат место главните симболи на многу мистични доктрини, присутна е и свастиката, заградена во круг – знак за совршенство и за целост.

Главната цел на Елена Блаватска е создавањето на единствена светска религија во која треба хармонично да се слеат сите постојни религиозни струи. Тие, според Блаватска, ги претставуваат различните патишта за постигнувањето на една иста цел – совршенството – и затоа расправите и неразбирањето меѓу различните приврзаници само и штетат на таа цел.