Monday, 19 October 5103

Мисирков и германските браќа по дух

На почетокот на минатиот век во и околу Македонија постоела една неподнослива положба што им била позната на либералните Европејци. Македонецот Мисирков ја нацртал програмата на националниот опстанок и на културната преродба на Македонците, чија содржина била поделена на неорганизиран начин од бројни автори во странство, меѓу кои и Германци. Неорганизираноста и неспектакуларноста на ова содејство ја потенцирале оправданоста на Мисирковите идеи и визии.

Македонците со задоволство пеат, пред сè, за своите народни јунаци. За нив дури и во народната химна на Република Македонија станува збор: Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански. За Мисирков никој не пее, за него нема ниту песни, ниту легенди. Дали не припаѓа тој во кругот на славните ѕидари на современа Македонија?

Да не зборуваме за неговата прочуеност во странство…

 

текстот е од ГерМакедонија, издадена од Македоника Литера 2012та