Saturday, 26 September 6567

Микеланџело

Го сакам сонот, но повеќе сакам камен да бидам, сè додека несреќата и јадот владеат со светот…


Ова се стихови на гигантот на ренесансата, Микеланџело Буонароти, кој не беше само најголемиот скулптор на епохата, еден од најголемите сликари и архитекти, но и поет од голем калибар, кој слободно може да се споредува со Данте Алигиери, Франческо Петрарка или Пиетро Аретино.

Но, сепак тој останува запамтен во историјата како ликовен творец, на кој му се одушевуваа неговите современици, давајќи му божествени атрибути – „Божествениот Микеланџело”. Заедно со Леонардо Да Винчи, најславниот претставник на ренесансата и прототипот за гениј во нововековната историја на уметност, во согласност со многустраноста на ренесансната парадигма за универзалност и ненадминливост, Микеланџело останува симбол на ова херојско време на уметноста и науката за сите следни генерации возвишени и продлабочени возљубеници на духовноста и творештвото на западната цивилизација и култура.

Доволно е да ги погледнеме неговите дела, толку природни и реални, а сепак така нестварно идеализирани, па да паднеме во една неочекувана состојба на восхит, кој не’ издигнува до сферите во кој суштествуваат ангелските битија. Микеланџело не’ поканува на средба со возвишеното, со самата божественост, тој всушност не’ воведува во друштвото на самиот Севишен. Секако, ова важи за оние личности кои знаат да гледаат во невидливото и да го видат она што мноштвото не може да го види. Токму затоа и таква трагичност и осамеништво во неговиот долг и мачен живот, исполнет со огромен труд и непрестајна работа. Во едан прилика самиот Микеланџело ќе рече: „Кога луѓето би знаеле колку труд и мака внесувам за да изработам некое од моите дела, тие воопшто не би ги сакале, напротив, може и да им се слоши“. Болката поминува, а убавината останува, во случајот на Микеланџело, за навек.

Сепак, овој гениј на ренесансата, кој работеше за најексклузивните колекционери на уметност, како на пример папата Јулиј, не беше секогаш третиран со должната почит, посебно кога на ред доаѓаше делот поврзан со исплатата на неговиот труд. Често пати парите доцнеа, а Микеланџеловите долгови растеа. Фрустрациите од оваа прокоба и непочитување тој ја лечеше со манијакална работа, ретко видена во тој обем во историјата на уметноста. Како сликар на монументални дела, тој ги надмина сите свои големи претходници, а остана ненадминат од оние кои дојдоа по него, со исто така генијални предиспозиции и со моќни мецени, кои им даваа шанса да се докажат на огромните формати, што ренесансните гигантски ентериери ги нудеа како можност. Тука мислам на Тинторето и Паоло Веронезе. Делата создадени од Микеланџело во Сикстинската капела се единствени со таква сила и сугестивност во западната уметност. Микеланџело, кој себеси најмногу се гледаше како скулптор, беше на некој начин приморан од неговиот покровител, Папата, да слика, но она што го наслика на таваницата на Сикстинската капела и „Страшниот суд“ на челниот ѕид, едноставно остава без здив.

Тие гиганти, во кои се спојува човечноста и божественоста, тоа треперење од несфатливоста на човековата генеза и судбина, таа длабочина на уметниковата промисла и тој труд со непоимлива магнитуда, не’ прави и малечки и треперливи пред оваа величественост, но и големи и возвишени, што сме дел од расата што овој гениј ни ја претстави низ неговото дело. Микеланџело беше голем вљубеник во антиката. Тој посебно беше вљубен во делата на Лисип, Скопас и Праксител, кои работеа скулптури со неспоредлива убавина, претежно за македонскиот империјален двор. Познато е дека во Рим, каде што Микеланџело одредено време работеше како главен архитект, имаше многу извонредни копии на овие ненадминати македонски империјални скулптори.

Така еднаш Микеланџело, знаејќи дека на еден плац требаше да се подига нова палата и по тој повод да се копаат темели, на истото место тајно закопа една своја скулптура на која и’ ги скрши екстремитетите. Кога дојдоа работниците да ги копаат темелите, тие копајќи ја пронајдоа скулптурата која претходно, како крадец во ноќта ја беше закопал Микеланџело и веднаш ја пријавија кај властите. Цел Рим дојде да и’ се восхитува на скулптурата, натпреварувајќи се во комплиментите и припишувајќи им ја час на Лисип, час на Праксител… Микеланџело застанат од страна се смешкаше, исполнет со возвишени чувства и голема сатисфакција. Тој сакаше да биде во својата уметност достоен на големите творци од минатото.

Денес псевдоинтелектуалците од Македонија оваа одушевеност би ја стуткале во феноменот „антиквизација“. Но нивните неологизми и оксиморони, остануваат како растурени лушпи од семки по трибините на стадионот, каде се одвивал големиот натпревар на титаните.


Погледнете го само Микеланџеловиот „Мојсеј“ – зар тоа не е Филип Втори Македонски, или уште подобро – Давид. Тој е како интерпретација на Лисиповите портрети на Александар Македонски. Конечно, погледнете во неговиот пенис, таму нема траг од обрежување за да биде Евреин.

Револуцијата на пролет
Емануел Карасо, голем мајстор на Macedonia Risorta
Македонија – примерно момче или болно дете?
Предупредувачки зборови на кнезот Фердинанд
Оро ми играле триста самовили
Димо Хаџи Димов - Македонското прашање
Отворени бунтови во времето на пропагандите
Од небесниот комитет на подземна Македонија
Етнолошката поставка во Народниот Музеј на Свети Николе
Имагинариумот на Доктор Сонѕе на гости во Македониум на Тв Сонце (видео)