Saturday, 19 August 2017

Македонскиот јазол

Актуелни и суштински прашања

е-книга

1.1 Вовед

1.1.0 Република Македонија на мета на своите соседи

По основањето на Република Македонија на 8ми септември 1991ва година падна в очи дека, за разлика од Словенија и Хрватска, нејзините соседи не ја поздравија Македонија како нов, конечно слободен и независен член во семејството на народите. Ги оспоруваа историјата, културата, етносот, јазикот, па дури и уставното име на Македонците, значи сиот нивен идентитет.

1.1.0.1         Бугари

Со оглед на фактот што, само во 20от век, Бугарија учествуваше во четири војни за да ја освои Македонија, а едната од нив, Втората балканска војна, самата ја предизвика, мора да се има разбирање за загриженоста на Македонците од експанзионистичките стремежи на Бугарија, кои изгледа и денес не згаснале.

Како може Бугарите пред светот да тврдат дека Македонците говорат бугарски кога Бугарите не можат да го разберат дури ни основниот македонски школски буквар!

1.1.0.2         Срби

Враќањето во кругот на модерните држави новата Србија ќе мора да го оствари без авантури од типот на обид за “припојување” на Македонија.

1.1.0.3         Грци

Проф. Хепкен (Hopken) за ова напиша:

Атина најмногу се налути поради тоа што во уставот на Македонија, Скопје се обврза да се грижи за Македонците надвор од земјата, во што Атина веруваше дека би можела да открие можности за територијални аспирации.”

1.1.0.4         Трите соседни држави

Генерации на историчари од Бугарија, Грција и Србија уште од последната третина на 19от век се трудат, врз база на идеолошки изградени “различни етнографски премиси” да ја прилагодат историјата на словенските Македонци кон своите национални интереси. “Историските сознанија…произволно се толкуваат и како такви се вметнуваат во политички изјави.” Со тоа тие, навистина, се обезвреднуваат од науката, но соодветните влади изгледа се надеваат на тоа дека во светската јавност постепено ќе најдат извесни ефекти на вообичаеност и навика во нивното прифаќање.

И за крај, уште еднаш добива збор Кристијан Фос:

Во епохата на националната преродба во 18от и 19от век…националните движења во Грција, Србија и Бугарија го развиваат…дискурсот на непрекинат континуитет на нивните големи династички империи од средниот вексо крајна цел повторно освојување на територијата…која…краткотрајно им припаѓала.

1.1.0.5         Албанци

Дали е за чудење што Македонците развојот на настаните го гледаат како закана и сакаат да имаат повеќе деца, само за да не бидат потиснати од едно растечко малцинство во својата сопствена држава?

Ова стравување може да се трасира наназад, на пр. Фактот што во македонскиот устав од 1991ва година од претпазливост е преземен пасусот од југословенскиот устав од 1974та – “национална држава на македонскиот народ”, наместо да се одбере една формулација од типот на ‘држава на македонскиот народ и албанското и турското малцинство’.

Кристијан Фос ја посочува историската поврзаност:

Со овој пасус…Македонија тргна по погрешниот пат на другите балкански дружави, кои во 19-20ти век, а особено по Балканските војни во 1912/13та година…се декларираа како моноетнички национални држави

Наспроти ова, Герхард Зеван истакнува дека во македонската преамбула конечно

“на посебно наброените Албанци, Турци, Власи (Аромани) и Роми, заедно со ‘другите националности’ им се гарантира рамноправен статус, со што овие групи се и уставно-правно признати”.

Значи, во однос на овој клучен аспект, западните сили беа дозволиле да бидат заведени од Албанците.

Професор Ошлис (Oschlies) покрај останатите иритации од обете страни, ја наведува и провокацијата на Албанците, кои по нивниот илегален интерен референдум на 11/12ти јануари 1992ра година во западна Македонија, “еднострано прогласија албанска ‘Република Илирида’”. Според сознанијата на авторот, ниедна од инаку будните меѓународни организации и ангажираните меѓународни посредници не ги повика етничките Албанци во Македонија да го тргнат овој камен на сопнување од патот на меѓуетничкото разбирање.

сомнителната бројка од 40% Албанци во Република Македонија не е ништо друго, освен податок со измамничка политичка цел…

Срцето на проблемот лежи во тоа што никој не може да ги убеди, а уште помалку да им гарантира на Македонците, дека Албанците не би прогласиле своја сопствена република во рамките на Република Македонија, или дека би се откажале од своите сецеонистички планови, доколку Македонскиот устав уште во 1991вата содржеше помодерен текст.

Познавачите на материјата го тврдат токму спротивното: доколку Албанците би се здобиле прво со статус на официјално малцинство (или дури конститутивен народ) во македонската држава, тие веднаш би го злоупотребиле овој статус и би го гледале како прв чекор кон поделба и конечно обединување со Косово (па и со Албанија). Зеван потсетува дека Албанците во Македонија (како подготовка за тоа) бараа формирање на “федерализација по белгиски пример”. Како едно белгиско решение во Европа да не е доволно! Имајќи ги на ум трагичните последици на етничката поларизација од независноста на Белгија во 1830та година, вакво решение за пример може да понуди само некој што нема добри намери.

Така и Албанците се вброија во фалангата на останатите три соседни држави со истата желба: да се уништи Македонија – бидејќи отцепувањето на западна Македонија е еднакво на уништување на македонската држава.

Значи, пред да и се пресуди на сегашна Македонија, треба да се имаат в предвид – покрај прашањето зошто никому во ЕУ и НАТО не му е грижа за малцинствата во, на пример, членката Грција (или во другите соседни земји), – следниве настани во текот на историјата:

Шансата за ослободување на македонскиот народ од турскиот јарем во последната третина на 19от и почетокот на 20от век беше уништена со воена интервенција од трите соседи: Бугарија, Грција и Србија. Македонците го избегнаа ова вклештување, речиси смртоносно по нивниот идентитет, само благодарение на нивното признавање како нација и (дозираната) независност во рамките на југословенската федерација во 1944та година. По историската констелација од 1989/1990тата година, во 1991ва конечно се здобија со полн државен суверенитет, иако само на дел од својата територија, со значајно задоцнување, имено:

114 години подоцна од Грција

66 години подоцна од Србија, Романија и Црна Гора

36 години подоцна од Бугарија и

(31 година подоцна од Албанија).

Горе споменатиот пропуст во уставот не се припишува само на олеснувањето и радоста за целта, која иако со задоцнување, сепак среќно беше постигната, туку пред сè на исклучително лошите искуства со соседите во минатото и оттаму развиената недоверба во сегашноста.

(Оправдана недоверба – ова ќе се потврди со понатамошното читање на делото.)

Овој систем има свои методи.

Никој не може искрено да тврди дека, во последните 50 години во Македонија, Албанците во било кој момент биле жртви на страдања, за разлика од Србија – па и во самата Албанија. Тоа не ги спречи екстремистите во Македонија да стапат во акција.

Од почетокот на 2001вата година радикалите меѓу Албанците се напрегаа “со сета сила”, во вистинската смисла на зборот, да создадат втора држава за своите сонародници во рамките на Македонија. Непогодени од немањето на никакво правно оправдување, го презедоа првиот чекор, да ја “исчистат” Западна Македонија: со подлости, терор и со пари, многу пари.

Колку и да бил суштински недостатокот на македонскиот устав за албанското малцинство во Македонија, не бил непоправлив. Тој во никој случај не го оправдува ова дејствување…

Врз база на необјавени документи од политичкиот архив на Министерството за надворешни работи на Република Германија за темата „Балкански сојуз“, авторот Ханс-Лотар Штепан го докажува постоењето на засебен македонски народ, не на еден бугарско-македонски, не на грчко-македонски, не на српско-македонски народ и не на албанско-македонски, туку на засебен македонски народ, пишува во книгата „Македонскиот јазол“.

Автор на ова значајно дело е првиот германски амбасадор во Македонија, а ја објави скопското книгоиздателство „Аз-буки“.

претходно: Дали е за чудење што Македонците развојот на настаните го гледаат како закана и сакаат да имаат повеќе деца, само за да не бидат потиснати од едно растечко малцинство во својата сопствена држава?

 

Македонскиот Јазол