Tuesday, 19 September 2017

Знамињата биле амајлии

Има вистина во тврдењето дека знамето на државата го олицетворува духот на општеството. Под него се тргнува во напад, бидејќи се смета речиси за олицетворение на татковината: војниците му се колнат на верност, а неговата загуба е срам за секоја војска.

Но, освен тоа, знамето ја остварува врската меѓу народот, земјата и управниците. На борбеното поле, во стари времиња, под него стои кнезот, токму по него се ориентираат воините за време на битката. А во мирно време стои до тронот, грижливо чувано до новите борби.

Можеби сите се сеќаваат на кадрите од „Парадата на победата“ во 1945 година: по Црвениот плоштад носат наведнати германски знамиња и со биење на барабани ги фрлаат под ѕидиштата на Кремљ. Таа сцена во голема мера го одразува фактот дека симболичната вредност на знамето не се намалила со годините.

Целата оваа сцена е проникната со длабока смисла. Иако борбите не се водат само околу Москва, во магичен аспект, војната се остварува токму таму – на последната линија, под ѕидовите на сакралниот центар, кој истовремено е и центар на власта (Кремљ). Знамињата на дивизиите ги симболизираат поразените непријателски воини, а личното знаме на Адолф Хитлер, кое не случајно се наоѓа во предниот план на камерите – го симболизира победениот водач на окупаторите.

Да го оставиме сега настрана сложениот симболитички свет на воената парада и да обрнеме внимание на една друга особност на знамето. На неговото платно збиено се наоѓа информација за видот на земјата и за традициите на нејзиниот народ. Ѕвездите на знамето на САД или Европската Унија, бројот на линиите и нивната ориентација, бојата – со еден збор, сé има значење, кое засега им е разбирливо можеби само на специјалистите по хералдика.

Во почетокот, кога се појавуваат знамињата, тие се, пред сé, амајлии – предмети што го штитат својот сопственик. Но во овој случај станува збор за заштита на целиот народ. На знамињата на старите руски кнезови биле претставени митски птици, серафими или пак ликот на Спасителот, повикувани да ја заштитуваат војската во битките. А на знамињата на Велика Британија и на Швајцарија и сега има крстови – знаци на светите покровители на овие земји.

Следствено, државното знаме не само што ја симболизира самата држава туку исполнува и чисто магични функции. Во Третиот рајх, каде што и се посветува особено големо внимание токму на мистичната страна на секојдневието, не може да не се обрне внимание на тие моменти.

Да го разгледаме уште еднаш знамето на хитлеровската Германија. На црвена заднина, во центарот, е поставен бел круг во кој се наоѓа свастиката во црна боја – главниот симбол на ариевската преродба. Последователно ќе ги откриеме сите мисловни слоеви што досега ги осветливме само накратко.
Знамето на Третиот рајх е подробно ископирано од знамињата под кои се собираат на митинзите приврзаниците на хитлеровската партија – НСРПГ. А, како што е познато, при создавањето на националсоцијалистичката организација, голема улога има окултното друштво „Туле“.

На тој начин, корените на овој симбол покажуваат дека неговите творци вложувале во него посебна смисла. Друштвото „Туле“ имало консултации со многу мистично ориентирани хералдици, кои бараат алузии за древното ариевско минато на Германија во грбовите и во знамињата на древните аристократски семејства во Европа. Затоа, боите и нивната поставеност се избрани со особено значење.

Ако погледнеме внимателно, знамињата можеме да ги поделиме во две групи: едни што поседуваат јарко изразен центар, и други чии бои се распоредени рамномерно. Ако вторите се користени од држави со демократско уредување, првите се карактеристични за монархиите и за империите. Во оваа група влегуваат знамињата на Велика Британија и на предводена Јапонија, во чиј центар се наоѓа сончев круг со зраци што одат во сите насоки. Има и исклучоци – да се сетиме на нашата руска тробојка.

Ваквата разлика е разбирлива: во земја со жестока автократска власт, улогата на центарот грижливо се нагласува, а на фигурата на монархот и се дава првостепено значење. Кога раководството на Германија преминува во рацете не Хитлер, тој веднаш го сменува моделот на знамето со такво што повеќе одговара на неговиот тоталитерен начин на управување на земјата.

Нацистичката симболика на боите има и магично значење. На знамето на рајхот има само три бои, но какви – црвена, црна и бела! Да се обидеме да ја опишеме сликата што може да биде нацртана со нивна помош.
Најпрвин црвената боја, која на знамето е избрана во улога на заднина. Симболиката на црвената боја, во општи линии, е разбирлива – таа е крв и пламен. Не случајно, и по повод револуционерното знаме на Советската Република, се искажувани сомневања дека оние што го креваат сакаат да ја потопат Русија во крв.
Неопходно е да се потсетиме дека темата за крвта во нацистичка Германија во почетокот има повеќе творечки отколку уништувачки карактер. Преку прочистувањето на крвта, се претпоставува дека ќе му се даде живот на новото општество чии членови ќе бидат подобри од своите предци. Но поради дејствата со кои се постигнува тоа, на црвената боја и се додава мрачна, крвава нијанса.

Освен тоа, не треба да заборавиме дека националсоцијалистичката партија во почетокот се определува како револуционерна. Таа се појавува поради незадоволството од тогашниот владејачки поредок и апелира за промена на владата.

Погоре зборуваме за концепцијата „крв и земја“ со чија помош свеста на Германците буквално се преправа во склад со новите принципи. Црвената заднина би можела да биде сфатена неправилно (на пример, како насочување кон комунистичките идеи) или воопшто да не биде прифатена, ако не се потпира на таква целосна теорија. Напротив, нејзиното постоење само го зголемува дејството на знамето, создавајќи единствена знакова средина.