Sunday, 25 June 2017

Лесново, Македонија

Псалм  148

1 Алилуја! Фалете Го Господа од небесата, фалете Го во височините!

  2 Фалете Го, сите Негови ангели, фалете Го, сите Негови воинства!

  3 Фалeте го, сонце и месечино, фалете Го, сите светли ѕвезди!

  4 Фалете Го, небесни небеса, и води над небесниот свод!

  5 Нека го фалат Господовото име, зашто Тој заповеда и се создаде.

  6 Ги постави засекогаш и довека, според закон што нема да помине.

  7 Фалете Го Господа од земјата, морски чудовишта и сите бездни,

  8 Оган и град, снег и магла, виорен ветер, што го исполнува Неговото слово!

  9 Планини и сите ридови, плодоносни стебла и сите кедрови,

10 Ѕверови и сите животни, Лазачи и крилати птици!

11 Земски цареви и сите народи, кнезови и земски судии!

12 Момчиња и девици, старци со децата заедно.

13 Сите нека Го фалат Господовото име, зашто единствено Неговото име е возвишено! Неговата слава е над земјата и небото,

14 Тој ја поткрева силата на Својот народ, Тој ги прославува своите свети, Израелевите синови – народ што Му е близок. Алилуја!

 

Илустрација на 148ми псалм на Давид

Свети Архангел Михаил

Пустиножител Гаврило Лесновски

Лесново, Македонија

1 Фалете Го Господа на небесата, фалете Го, на висините.

  2 Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови.

  3 Фалете Го, сонце и месечино, фалете Го сите ѕвезди и светила.

  4 Фалете Го, небеса на небесата и води над небесата.

  5 Нека го фалат името на Господа, зашто Он ече и тие се јавија, заповеда – и се создадоа;

  6 ги постави за секогаш и за вечни времиња; даде наредби кои нема да се нарушат.

  7 Фалете Го Господа од земјата, вие, сите али и бездни;

  8 огнот и градот, снегот и мразот, и ти, бурен ветру, кој го исполнуваш словото Негово;

  9 гори и сите возвишенија, плодородни дрвја и сите кедри,

10 ѕверови и сиот добиток, влекачи и птици крилати,

11 цареви земни и сите народи, кнезови и сите земни судии,

12 момчиња и девојки, старци со децата –

13 сите нека го фалат името на Господа; зашто е само Неговото име возвишено; Него Го фалат на небото и на земјата.

14 Он ќе ја подигне силата на Својот народ; Он ги прославува сите Свои светии, синовите Израилеви, на народот, кој Му е близок.