Sunday, 22 October 2017

Верованија од браќа Миладиновци

Гробници. По умирањето лошите луѓе, особено старите м’жи и жени, се чинат гробници, и ходат по куќите. Едни вервет че умрениот ходат на сите места, к’де тои бил, кога живјал.

Самовили. Самовилите (самодиви), живеат на планини; љубет многу да играет оро. Тие се чинет посестрими со големите јунаци, и на нуждата им помогват, и ги спасавает от смрт; а в обште за љуѓето сет лоша. Тие љубет да ослепват човека- того.

Јуди, Стии. Јуди и стии сет жени со д’лги коси, кои живејет во реките и езерата. Кога видат некого во вода хврљает косите и в ним го сплетвет и го удавает. Едни п’ти излегват на брег и си чешљает косите. Тие живеат во глобоките места, особено во вирови.

Духови. Духови сет нешто како ветар. Тие шетает особено на полноќ, кога љуѓето се вардат да излезат (особено ва полноште) от одајата, или от куката к’де спијат; зашто духовите имает лоша сила. Едни п’ти тие викает ноште некој човек, кој мислит че го викат свој пријатељ за да ходат или на дрва, или на нива; и така станвит и без да се усетит ходат по него; а лошиот дух го носит на некоја чк’мба или пропаст, к’де човекот падинат; или на некоја река, к’де се удавјат.

Ветришта. Кога некој спиет под дрва и му се фаштат р’ката или ногата, и не можит да ја мрдат, того велеет, че је хватен от надвор; и мислет че под древото имало некој лош дух, или ветриште.

Вијулици. Вијулиците сет како духовите злотворна сила, која можит човека да кренит, и вид да му се не видат. Ако некој поминит над местото, к’де се стори виулицата, можит нешто да страдат; и за да уничтожит таја лоша сила, пљуват на това место. Виулиците едни смешват со самовилите.

Нар’чници. Кога детето се рожат, таја вечер идат три жени, кои нар’чват колку и како ке живјат роденото, и што ке нар’чат третјата това ке бидит. Тие три жени се викает нар’чници.

Грмење. Кога грмит, вељат, че свети Илија трчат со огнената кола по ламиите, кои јадат житото. И кога трештит, тога св. Илија удрил ламијата. Ако не беше св. Илија да гонит и убиват ламиите не ке имахме никаков берикет (жито или друго). Кога грмит, сите посмрчина (вид. песн. 40) спијат, а духот им ходит на помошт на св. Илија против ламиите. Под стрехи не седат за да не им капит косата. Вечерта пред стреда и петак жените не работает; и три дни во недељата (кои мислиме да сет: торник, четворток, и петок) не излегват за на чужина. Тои ден, што излегвет на чужина, никој от куќните не работат. На тој, што ходит на чужина, давает малу земја, за да го приимит другата земја, к’де ходит, како своја; на едни места давает и вода; а на сите хлеб. Куќните попраштаештем, от местото, што се разделиха, земает дома си трева. Лето децата гледает на полна месечина, различават на неа очи, нос, уста; и мисљат че това је лице от некој стар човек, кој не давно умрел; и вервет че најстариот човек кога да умрит се чинит месечина, и така со ред другите стари. Кога на пролет росит, или падинат мал дожд, децата трчает по дождот гологлави и пејет: Рocи, pocи, росица, да ми растит косица, колку една лозница.

Македонската азбука, мај 1945
Преминот кон ерата на национализмот
Потеклото на глаголицата
Легализација на канабисот во медицински цели
Соопштение до Министерството за Здравство и медиумите од Зелена Алтернатива, Канабис Клуб и активист...
ЛОЗА ви благодари за интересот во 2015та
Езотеричните кодови во македонскиот јазик
Кога во Пајонија паѓале обилни дождови, златото само излегувало на површина
Страјк - Земен Рај
Овчеполскиот етер - поле за културен натпревар