Monday, 21 August 2017

Голема Ложа на Македонија

Почитувани,

Добредојдовте на web страницата на првата регуларна “Голема Ложа на Македонија”.
Искрено се надевам дека информативните содржини ке бидат пријатна можност да ги осознаете основните карактеристики и факти за Масонеријата воопшто, како и за суверената Масонерија во Република Македонија.
Овој глобален феномен на хуманата цивилизација кој никогаш не етаблира догми и догматско покорување, овозможува заедништво и пријателство на “добри” луѓе со нагласен личен интегритет и дигнитет, луѓе кои заради своите различни религиозни, политички или културни убедувања и ставови во профаното живеење веројатно би останале само туѓинци на вечна дистанца.
Релевантноста и авторитетот на Слободната Масонерија се потпира исклучиво на индивидуалниот, поединечен квалитет и авторитет на секој Брат Масон. Таа не наметнува на своите членови никакво упросечување, втопување во групата или обезвреднување за сметка на заедничките ставови или идеологија која се очекува членството да ја следи. Додека многу други организурани форми нудат однапред подготвени и неприкосновени вистини, Слободната Масонерија ги привлекува токму тие кои со себе носат различни вистини и слободен мисловен сомнеж … тие кои ја разбрале суштината на толеранцијата, скапоцената вредност на слободниот дијалог и “братската љубов”. Масонеријата е една од ретките организации кои го промовираат токму слободномислечкиот човек и кои ја ставаат индивидуата како “центар во потрага по вистината”.

Со почит,
НП Голем Мајстор,
Голема Ложа на Македонија

Посетете ја веб страницата glm.org.mk