Saturday, 19 August 2017

“Ѓаволското око” на Цоцев Камен

Во дамнешни времиња во четирите пештери на Цоцев Камен живееле луѓе. Тие одгледувале стока, ловеле риба и животни, сееле, жнееле и мелеле жито, одгледувале пчели. Биле многу сложни и работливи.

На врвот од карпата живеел Ѓаволот кој преку ден спиел, а ноќе работел, им наредувал на луѓето, но тие не го слушале. Тој се повеќе им давал закони на луѓето, а тие се повеќе ги одбивале неговите наредби. Минало време и се појавиле парите како платежно средство. Тогаш ѓаволот рекол:

Досега јас одлучував кој да живее, а кој да се отепа. Понекогаш бев слушан, понекогаш не ме слушавте. Отсега натаму парите ќе ве командаат и тие ќе ве отепаат

Легендата за „ѓаволското око“ е зачувана од Стевче Доневски од Кратово, а раскажана од Тоде Петрушевски од с.Димонци.