Tuesday, 19 September 2017

Eзотерична концепција

Нацизмот има две варијанти на расната теорија. Првата се потпира на пароли како што е „Власт на Аријците, долу Евреите!“ Таа е леснодостапна и се пропагира на најмногу од трибините. Таа служела како параван за една посложена езотерична концепција во која секој збор има своја посебна окултна смисла.

Веројатно мнозина од вас ќе се согласат дека токму расната теорија е најужасната творба на Третиот Рајх која излегува надвор од рамките на општочовечките вредности. Последиците од нејзината практична примена се мерат со одземањето на стотици илјади животи. На ниту едно од древните божества не му се принесувале толку жртви.

Бесполезно е изворите на таквите верувања да се бараат во историјата. Секој народ ја носи во себе идејата дека токму тој е навистина достоен да се нарече најдобриот. Но во Германија таа идеја, не се знае како достигнува до невидени размери.

Не мала улога во тоа имаат езотеричните кругови што доставуваат изобилен материјал за такви теории. Тоа е причината интересот кон расната проблематика да се појави долго пред Хитлер да дојде на власт.

Уште во 30-тите години на ХХ век, професорот Херман Вирст ја објавува книгата „Потеклото на човештвото“. Во неа тој, наспроти еволуциската теорија за Дарвин, инсистира на тоа дека, долго пред појавата на познатите древни цивилизации постоеле две протораси. Првата ја нарекува нордиска, која се одликува со висока духовност, а втората – гондванска, која се наоѓа под власта на своите ниски инстинкти.

Во своите претпоставки, Вирст тргнува од фактот дека во далечното минато Земјата била поделена на два континенти: северниот го носи името Лавразија, а јужниот Гондвана. Во еден огромен историски период за кој не се знае ништо, континентите се раздвижуваат, се раздвојуваат и одново се спојуваат. Народите што живеат на нив сериозно се размешуваат. И покрај сето тоа, Вирст тврди дека потомците на тие древни раси сé уште можат да се сретнат меѓу обичните луѓе.

Во општи, црти, оваа доктрина го изодува патот од окултните кружоци до официјалната идеологија на Третиот Рајх, без да се промени. Само се збогатува со нови детали добиени по проучување на родовското сеќавање на „вистинските Аријци“.

Се смета дека, во определен момент, ниските раси што слегле до улогата на робови, се размножуваат толку многу што релативно малобројната група на господарите не успева повеќе да ги контролира. Тогаш Гондванците се побунуваат, а Аријците се принудени да се кријат и да се раселуваат низ целиот свет.

Овој настан оставил траги во келтската митологија. Токму крајот на светот – Рагнарок – ќе настапи во моментот кога ќе биде изграден брод на мртвите, со кој безбројните орди на умрените ќе тргнат во борба. Меѓу другото, самиот збор „Рагнарок“ значи „затемнување на божественоста“.

Во расната теорија на нацизмот се користат веќе наметнати претстави. Според неа, единствено Аријците поседуваат смелост и високи карактерни идеали. Творештвото и активниот пламен интелект се сметаат за нивните конечни црти.

Поради различните разнородни примеси, другите народи се наоѓаат на значително пониско ниво според сите показатели. По нордиската раса доаѓаат Скандинавците и Англичаните – потомци на древните Нормани и викинзи, кои ги зачувале своите заеднички корени со германските племиња. Потоа доаѓаат Французите, Романците, Шпанците и Италијанците. На последно место во списокот се Словените.

Тоа им дава повод на хитлеровците критериумот за чест и за вистинитост да си го присвојуваат само за себе. Во однос на другите, тие имаат право да прават сé што ќе посакаат, бидејќи во дејствијата кон ниските раси не постои поимот „злосторство“.

Од азиските народи, за најблиски до идеалот се прогласени Јапонците, потоа доаѓаат Индијците, Кинезите и црнците. Арапите и циганитеки, во тоа време, водат претежно номадски живот, се наоѓаат уште пониско.

Посебно место во тој список им се одредува на Евреите. Познато е дека Хитлер ги смета за „полулуѓе“ кои водат паразитски живот и кои им го трујат животот најмногу на Аријците. Како очигледна последица од своите заклучоци, тој ја истакнува мислата дека тие се раси непогодни за живот и дека подлежат на целосно уништување.

Познати се ужасните последици од тоа решение. Во концентрационите логори на територијата на Третиот Рајх загинуваат повеќе од 12 милиони луѓе кои не можат да се сместат во Прокрустовата постела на неговата идеја. Но ѕверскиот експеримент не завршува со тоа.

Поделбата продолжува да се применува и во однос на германскиот народ. Според творците на расната теорија, тој се состои од две големи групи – чисти Аријци и од луѓе кои во својата крв имаат разновидни примеси. Ако може да и се верува на теоријата на Евалд Банзе, најсовршен е нордискиот елемент, потоа доаѓаат динарскиот, источнобалтичкиот и источниот елемент. Најголема штета предизвикува примесата на словенската крв.

Но нацизмот има две варијанти на расната теорија. Првата се потпира на пароли како што е „Власт на Аријците, долу Евреите!“ Таа е леснодостапна и се пропагира на најмногу од трибините.Таа служела како параван за една посложена езотерична концепција во која секој збор има своја посебна окултна смисла.

Во согласност со таа концепција, Германците сами по себе, претставуваат материјал за едно ново, посовршено човештво. На крајот од 20-тите години на минатиот век, во Германија излегува книгата на Булвер Литон „Расата која ќе нé надмине“ во која подробно се опишува појавата на народот на водачите. Подоцна, таа влегува во основата на учењето за посветентите од Третиот рајх.

Голема улога во неа и се посветува на анализата на „Тајната доктрина“ на Блаватска, за чие творештво стана збор погоре. Во таа книга се опишува последователната појава на седумте основни раси, меѓу кои влегуваат и Аријците. Таа идеја им се допаѓа на националистите и тие ја користат за создавање на потребното настроените во окултните средини.

Блаватска тврди, исто така, дека нордиската раса во тој момент се наоѓа во својата Кали – Југ т.е. владее во таа епоха, додека другите се развиваат според свои сопствени циклуси. Ваквите идеи ја наметнуваат претставата за таа раса како за избрана и го потврдуваат недостигот на мистични врски со другите народи.