Tuesday, 25 July 2017

Бесконечноста е сè што нè опкружува

Бесконечноста е сè што нè опкружува. Со нашите чекори управува бесконечноста, а околностите кои наизглед се случајни, всушност ги одредува активната страна на бесконечноста. Таа се нарекува – намера.

Врачевите тргнуваат од претпоставката дека за да можеш нешто да внесеш, мора да постои простор за тоа. Ако си до врв полн со дневните проблеми, тогаш нема простор за нешто ново. Затоа треба да се создаде простор. Врачевите од старите времиња верувале дека рекапитулацијата на нечиј живот создава простор. Таа навистина тоа го прави, но и многу повеќе од тоа.

Стариот врач ми рече дека сè што правам мора да биде чин на враќање – чин ослободен од туѓите очекувања, од стравот на неуспехот, од надежите за неуспех. Морам да се ослободам од култот кон јас, сè што правам мора да биде делување на магијата. Слободно препуштање на поттикот на бесконечноста.

Обичните луѓе не се свесни дека постои паралелен свет. Оние пак што размислуваат за паралелниот свет, тоа го претвораат во духовна мастурбација, но никогаш не се досетуваат дека нивните фантазии извираат од несвесното знаење кое сите ние го имаме – сите ние знаеме дека не сме сами.