Monday, 19 October 5542

Државата и индивидуалната совест

.

Древно прашање е: како да се држи човекот кога државата му пропишува што ќе работи, кога општеството очекува од него држење, што општествената совест го отфрла како неправилно?

Одговорот е тука: ти си сосем зависен од општеството во кое живееш. Затоа си должен да се подложиш на неговите прописи. Ти не можеш да бидеш одговорен за оние работи, што стануваат под непреодолив притисок.

Тоа треба само да се изговори јасно, за да се забележи колку е едно такво сфаќање во спротивност со нормалното правно чувство. Надворешниот притисок може во извесна смисла да ја намали одговорнсота на индивидот, но не и да ја симне. Во Нирнбершкиот процес беше усвоено ова становиште донекаде како разбирливо само по себе си.

Она што во нашите институции, закони и очовеченост е драгоцено, произлегува од пројавувањето на правното чувство на безброј индивиди. Уредувањата се во морална смисла бессилни, ако тие не се поткрепувани и ако не се носени од чувството за одговорност на живи индивиди.

Затоа настојувањето моралното чувство на одговорност кај индивидите да се буди и помага е важна должност спрема заедницата.

Во наше време на претставниците на природните науки и на инженерите лежи една особено голема морална одговорност, бидејќи развитокот на средствата за воено масовно уништување спаѓа во нивниот домен. Зошто ми изгледа дека основањето на едно Society for Social Responsibility in Science и одговара на реалната потреба. Ваквото здружение му олеснува на индивидот по патот на дискутирање на проблемите да си извојува независен суд за патот, што има да го избере. Потоа е неопходно потребна заемната помош на оние, што ќе достигнат во тешка положба со тоа што го слушаат гласот на својата совест.