Saturday, 19 October 5568

Доброто и Злото

Во принцип е точно дека најголемата љубов ја заслужуваат оние што најмногу придонесле за облагородувањето на луѓето и човечкиот живот. Но ако прашаме понатаму, кои се тие луѓе, ќе дојдеме до не мали тешкотии. Кај политичарите, па дури и кај религиозните водачи, во повеќето случаи е многу сомнително дали тие сториле добро или зло. Затоа јас најсериозно мислам дека на луѓето најдобро им се служи кога им се дава благородна работа и со тоа посредно се облагородуваат. Тоа на прво место важи за големите уметници, а на второ место и за истражувачите/ Точно е дека истражувачките резултати луѓето не ги облагородуваат ниту ги обогатуваат, но тоа го прави стремежот за разбирање. продуктивната и рецептивната духовна работа. Па сепак сигурно слабо би стоело кога човек би сакал да ја цени вредноста на талмудот по неговите интелектуални резултати.