Thursday, 17 August 2017

Прамолња

Не барај од мене да бидам

ни твој слуга ни твој господар:

јас сум Молња и во мене

нема простор за тага Остави ме

да се јавувам и исчезнувам

и пак да се јавувам

меѓу луѓето и планетите

да лутам Не барај од мене

ни чаша вода, а оган самата

ќе ти дадам и штом ќе те родам

не моли од мене прочка –

заедно со тебе сè ќе пребродам.

 

Оди во сон, плови во океан. Во зборови

копкај и најди си спокој

за својата душа, ал’ мене

остави ме да бидам слободна,

она што сум: Молња на светот.