Tuesday, 20 October 8076

“Клучот од Алшар е во мојот џеб!”

Докторот ја истражувал спектроскопијата, сончевите дамки и ерупции. Сончевите дамки прв пат биле забележани пред 40 века од кинезите со голо око, а со телескоп за прв пат од Галилео Галилеј, па од тогаш останало –  Ни сонцето не е чисто, на него постојат пеги, гранули, постојано врие. Астрофизичарот Паскал Сотировски ги истражувал спектрите на сончевите пеги, забележал разни молекули во дамките, но и во сончевите ерупции. Забележал дека постојат и периоди кога на површината на Сонцето нема ниту една дамка, како циклус од 11 години кога Сонцето е мирно, за да дојде до период кога повторно е активно со експлозии и ерупции, взаимодејствувајќи преку сончевиот ветер со магнетното поле на земјата создаваат аурори, светлини… Кога има силни ерупции, патниците на авионите исто како да направиле рендгенски преглед. Животот на една дамка на сонцето е помеѓу неколку часови и неколку седмици. Пегите се составени од една сенка и една полусенка и се движат заедно со ротацијата на сонцето. Бројните трудови на Астрофизичарот се однесуваат на молекуларните спектри, степените на поларизација на светлината, појави кои што можат да се истражуваат само при тотални затемнувања на сонцето, цел спектар на љубопитност за Сонцето и Светлината. При една Соларна ерупција температурата е неколку стотици милиони степени, што предизвикува фузија на водородот во хелиум и ослободување на неутрина, елементарни честички кои мн тешко се детектираат. Проучувањата на неутриното ги врши во бела светлина…Неутрината се генерираат од Лорандитот, еден од најретките минерали во светот – достапен на Македонско тло.

Неговата улога во фамозниот проект за огромно истражување на лорандитот како детектор на соларните неутрина, 1979 во Дубровник, проект ЛОРЕКС Лорандит Експеримент, бил моментот кога, за да потсети за значењето на Македонија и Алшар, професорот извадил клуч, триумфално го покажал пред другите и рекол: клучот од Алшар е во мојот џеб!

Како низ трњето се стига до ѕвездите…