Thursday, 21 September 2017

Аванти попули

Освен генерациите родени по 90тите, сите што денес живееме на територијата на Македонија сме ја поминале политичката школа на марксизмот, којашто, меѓу другото, инструираше дека Црквата е опиум за народот.

Оваа ленинистичко-болшевистичка фраза, слична на обичајот да се фатиш за копче кога на улицата ќе видиш поп, имаше за цел како прво да го оттргне народот од верата, и како второ, колку е можно повеќе да у го всади суеверието на местото на здравата вера во Живиот Бог…

Познато е дека каде што нема вера, суеверието цвета. И не заради некаква причинско последична поврзаност, но духовната дезориентираност на народот, ја сведе неговата моќ за политички или економски избор на минимум…

И се ќе беше во ред доколку го пренебрегревме фактот дека марксизмот, односно идејата за комунизмот, многу слично на она што денес како пропаганда се обидува да го направи Кодот на Да Винчи, е производ на конспиративно анти-христијанско лоно, од каде што нема – нема, па ќе се испука по некој ваков проектил за евентуално собрување на противникот, небаре Голијат од немукает си ја искушува среќата, по цена на крајот сам да мора да ја пишува историјата.

А за да не не обвинат дека сме склони кон теории на заговор, на наша страна е фактот дека токму Македонија денес, во своето реал-политичко милје е полигон на кој се вкрстуваат копјата на разни светски сили, коишто – ако почнеме да ги редиmе, ќе заскитаме во баналноста на еден обичен час по елементарна географија. Македонскиот јазол може да го пресече само таков посветен Прометеј, кој би бил доволно политички зрел да го прочита духот на времето и од овој деликатен историски вртлог, налик на Мојсеевата пустина, да е кадар да го изведе народот до ветената зеја, вез непотребни утопистички застранувања по пат.

Живееме во врее кога мешањето на политиката во Црквата е нешто толку вообичаено, што светот престана да се чуди како е ожно после молитвата за појадок, од картата на светот да исчезнуваат села, реки, цели иториски поглавија, како никогаш и да не ги имало! Колективното несвесно, митовите, легендите, и целиот тој збир од историски ужаси, остануваат единствениот сигурен чувар на националната безбедност.