Wednesday, 19 October 5335

Ќе се промени составот на Светлината

Нова Македонија 2010

Во учењето агни јога се зборува дека една од причините за доаѓањето на новите огнени енергии на Земјата, кои му се непознати на човекот, е приближувањето на новите небесни тела кон Земјата.
„Во агни јога, исто така, се зборува за тоа што не случајно луѓето се сеќаваат на старите пророштва за промената на небото. Нарушувањето на рамнотежата на планетава навистина ќе предизвика многубројни тројни манифестации. Новите небесни тела можат да бидат не само видливи, туку и хемискиот состав на светлината ќе дејствува фатално врз жителите на Земјата. Значи, додека луѓето се тешат со пазарите и саемите, веќе се подготвуваат страшни настани“.
Кога зборуваме за „промената на небесниот свод“ ја имаме предвид не само промената на голот на накосеноста на Земјината оска, туку и како прво, појавата на новите небесни тела, за кои ќе зборуваме понатаму во текстот, и како второ, посебниот распоред на планетите што може да има специфично астрохемиско дејство врз Земјата.
Како што веќе зборувавме, едно од „најмистичните сценарија“ за можната причина за апокалиптичните настани е појавата на некоја нова планета или ѕвезда на небесниот свод за која се спомнувало во древните пророштва. Според тоа, планетата Апокалипса ќе ја наречеме Новата планета што ќе ја одигра улогата на катализатор на глобалните промени.
Како што веќе беше укажано, некои современи истражувачи и псевдонаучници и ја припишуваат сличната „апокалиптична“ улога на планетата Нибиру, која според нивните пресметки, во 2012 година треба да помине многу блиску до Земјата. Впрочем, според претпоставките на некои астролози и научници, поминувањето на оваа планета близу Земјата ќе предизвика поместувањето на географските полови, промени на аголот на накосеноста на Земјината оска, силни земјотреси и активирање на вулканите, страшни цунамија, урагани и други појави што го определуваат крајот на светот. Според нивните прогнози, сето тоа ќе заврши со светски потоп.
Меѓутоа, сепак, идејата за некоја планета која е тесно поврзана со апокалиптичните настани, длабоко навлезе во свеста на луѓето. Во Русија, уште во времето пред Револуцијата, исто така, беа популарни размислувањата за идниот крај на светот. Во тие неспокојни времиња, луѓето размислуваа за тоа што ќе му донесат на светот оние кардинални промени, кои многумина од нив ги претчуствувале.
Мошне илустративно сведоштво за овие претчувства е сликата на познатиот уметник К. Јоун со наслов „Новата планета“. Општоприфатено е да сметаме дека оваа слика не е посветена на космичката, туку на социјалната тематика, т.е. Новата планета ја олицетворува првата социјалистичка земја во светот. Но којзнае, можеби уметникот ги внел во својата слика и своите духовни претчувства? Хаосот во човечкото општество под воздејството на непозната космичка сила – токму така треба да ја анализираме суштината на оваа слика. И така, што е суштинското во идејата за Новата планета, способна да ја донесе апокалипсата на Земјата? Дали е митот или некој симболичен лик или, пак, вистината, на која им е позната само на „просветлените“, но како и секогаш, е криена во опскурните симболи на древните пророштва?
Дали ќе се појави некоја нова планета на небесниот свод над Земјата, која ќе му ги донесе на нашиот свет епохалните промени?
Читателот секако ги памети горецитираните фрагменти од текстовите на агни јогата, каде што се споменуваат древните пророштва за промената на небесниот свод, односно: „Не случајно луѓето ги спомнуваат старите пророштва за промената на небесниот свод. Нарушувањето на рамнотежата на планетава навистина ќе предизвика многубројни тројни манифестации. Новите небесни тела не само што ќе бидат видливи, туку ќе може да се промени и самиот хемиски состав на светлината…“
Значи, промената на небесниот свод во овој случај може да не ја означува промената на аголот на накосеноста на Земјината оска бидејќи денес, Земјината оска тешко дека ќе може наеднаш многу да се помрдне од својата поранешна положба. Секако, можно е дека во наведениот цитат се зборува за приближување кон Земјата на „онаа истата“ планета на апокалипсата и… не е само… Но да почнеме со ред.
Какво влијание може да има врз Земјата, Нова планета спомената во древните пророштва?
Не е исклучено дека всушност, таа ќе стане главен извор на новите зраци кои во иднина ќе ја променат енергијата на нашата планета. Во агни јога се зборува дека Новата планета ќе се приближи кон Земјата непосредно пред почетокот на апокалиптичните настани.
Во живата етика и во другата духовна литература, многупати се спомнува за планетата Апокалипса. Кога се запознаваме со учењето агни јога и со записите на Е.И. Рерих, треба да го имаме предвид тоа што адептите од тајното Хималајско братство располагаат со уникатни податоци за Земјата и за космосот. Благодарение на тие знаења, Махатмите му донесоа на светот нови научни вистини, и тоа неколку децении пред тие да бидат откриени од западната експериментална наука, за што зборувавме во првото поглавје. Многу работи од она што им е познато на учителите на Шамбала, досега не им се познати на современите западни научници. Тоа се однесува и на небесните тела кои поради некои непознати причини, станаа недостапни за обични астрономски набљудувања.
Во дневникот на Е.И. Рерих може да се прочитаат зборовите на учителот Махатма кои се однесуваат на идната астрономија: „Астрономијата наскоро ќе се појави со нови поими. Современите астрономи не знаат ништо не само за механиката на другите Сончеви системи, туку и за вселенските тела кои одненадеж се појавуваат на нашиот хоризонт“.
Таинствената Нова планета веројатно им припаѓа токму на небесните тела од гореспоменатиот тип, кои можат неочекувано да се појавуваат на хоризонтот (или, пак неочекувано да примаат видлив облак, како што тоа се случува со формите од астрална материја? Дали е тоа уште една загатка?).
Во секој случај, еве за што се зборува во записите на Е. И. Рериx за Новата планета:
„Урусвати ќе се појави преку восприемање на новите енергии, кои доаѓаат од Новата планета и кои го забрзуваат развитокот на Земјата и потекнуваат од сé уште невидливо вселенско тело“.