Tuesday, 21 November 2017

Бронзена фигура на постар крилат маж

.

Самото откритие и што оваа фигура останува во ингеренции на државата, таа не може да има цена, но кога, сепак, би требало да се вреднува, стартната цена не би била помала од еден милион евра

Најновите откритија говорат во прилог на тоа дека македонската археологија се повеќе станува салонска – токму по урнек на повеќе археологии во Европа, па и светот, рече на вчерашната средба со новинарите директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата на РМ, Паско Кузман по повод откривањето на Дедал или “Човекот со крила”, статуетка која датира од вториот или третиот век п.н.е. од македонско-хеленистичкиот период. Новооткриената фигура е во броза и е во голема мера сочувана од забот на времето. Таквата сочуваност Кузман го објаснува со типот на земјата во кој е најден овој антички предмет. “Земјата црвеница е погодна за зачувување на бронзата”, додаде тој.

Фигурата Дедал, што е откриена при археолошките истражувања на Плаошник во Охрид, под базиликите кои датираат од 5-6 век н.е.,
според првиот човек на Заводот е бесценета. Запрашан дали може да се одреди цена, тој рече дека “со самото откритие и што оваа фигура останува во ингеренции на државата, таа не може да има цена, но кога, сепак, би требало да се вреднува, стартната цена не би била помала од еден милион евра”.

Ова е засега единствена ваква фигура пронајдена на Балканот, па и пошироко во медитеранскиот археолошки комплекс.

извор ВЕЧЕР