Вампирите во преданијата

Митските преданија за вампири во денешно време се најмногу распространети и најпопуларни во споредба со другите демони, на пример: со преданијата за самовили, змејови или ѓаволи. Интересно е прашањето на што се должи овој факт? Меѓу разни истражувачи на митските преданија за вампири, постои мислење дека тие се раскажуваат во такви размери поради тоа што луѓето тежнеат да дознаат нешто таинствено, ирационално, нешто што би им дозволило барем за момент да излезат надвор од рамките на својата егзистенција, на сопствените можности.

Желбата на човекот да се сретне со трансцедентални појави, како што се демоните, а особено вампирите кои доаѓаат во овој наш свет од друг свет, непознат на човекот, треба да им донесе на луѓето специфични доживувања, кои – како што покажува стварноста – на човекот му се потребни. Потребата од силни доживувања се смета за објективно својство на човечката психа.

– од Вампирите во Македонските верувања и преданија

подготвиле Лепосава Спировска и Танас Вражиновски

Институт за фолклор Марко Цепенков 

Leave a Reply