четврток, 23 октомври 2014

Изгоре киното ,,МАНАКИ”

По околу 60 години заеднички живот браќата Манаки Јанаки и Милтон конечно и персонално и егзистенцијално се разделуваат

На Дуовден 1939 година се случил голем пожар во кој тотално изгоре специјализираното кино ,,МАНАКИ”. Тоа се случи на вечерната претстава при проектирањето на францускиот филм ,,Женски затвор” во кој главната улога ја толкуваше Вивиен Романс. Со апаратурата – проекторот раководеше кино операторот Симон .
По долги паузи во изградбата и едно големо рушење, браќата Манаки киното го подготвија и почнаа со реализирање на претставци на 1 декември 1923 година.Притоа на свечаното отворање го имаа ангажирано италијанскиот дует виолина и пијано – Монтелуцо. Од како финансиски не можеа да издражат поради малубројната публика во 1927 година киното под закуп го презема богатиот наследник и битолски зет Ристо Зерде инаку прв филмски артист на Македонија.Но, и Ристо Зерде во 1930 година неможејќи да тргне економски од позитивната нула го прекинува договорот за закуп така што одново браќата Манаки се вгнездуваат и барем уште еднаш ја испробуваат својата синејастичка и биоскопска среќа. Кризата го прави своето така што во 1936 година одново се јавува ентузијастот Ристо Зерде и заклучува договор за закуп. Го реновира киното носи добри филмови, но сето тоа се плаќа, а никој ништо не дава.Киното е под хипотека а задолжен е и Ристо Зерде. Пожарот, изгледа ги реши сите небулози: Агенцијата каде што киното беше осигурано ја плакати штетата, која ја голтна хипотеката така што сите актери во случајот дојдоја на чисто на позитивна нула.
По пожарот Јанаки Манаки заминува за професор во Романската трговска гимназија во Солун задолжен за ликовно воспитување и краснопис. Ова беше прва и последна разделба на браќата. Во 1946 година во Солун почина синот единец на Јанаки Димитрие Манаки -Такули, а Јанаки почина во 1954 година. По разделбата со братот Милтон останува сам и конечно реши да се жени на 60 години .

Димитар Димитровски -Такец
биограф на браќата Манаки