Thursday, 17 August 2017

Чудеса пресвјатија Богородици 23

Во Италијска страна имало богат човек, име тому Агапиј. Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога. И се проклинал самаго себе, и отишел да сака некој маѓесника, да го пита дали може дјавол да го обогати. И ходеиќи срел го дјавол и му се показал како некој воин и му рекл: „Ја сам тој што сакаш ти. Ако сакаш да ми се запишеш сос твоја крв и да се отречеш Христа и да бидеш мој, да ти дадем сè што сакаш.“

А он окајанниј сакал да живее како прво лошо. Се обешта и даде писмо да се отрече Христа. А он тој час го обогати и му чинил измет, ама му се показувал како воин, и сè што сакал му давал на руките.

Еден пат минал при една црква и видел икона Богородичина и помислил у колку големо зло паднал и воздихнал от срдце. У тој час го бил дјавол, тоја што бил како воин, и едва остана жив. И му рекл: „Чувај се да не гледаш отсега на икона Мариина, зашто ми е она многу зло учинила и многу ми човеци зела от моите руки. Акo чиниш това, пак ќе да те убием сос љута смерт да загубиш овој рахат, и душата ќе да ти отнесе у вечна мука.“

Кога чул това окајанниј, му се учинили големи жалости. Не зашто го бил дјавол по снагата ами да не му погине душата у вечна мука. Мислил што да учини, да се куртулиса от тој плен. Сам себе си говорил, како му дјавол казал, зашто Богомати многу човеци зела от неговите руки: „и мене да биде милостива, зашто е мати на всемилостиваго Бога.“

Това мислеше тој сиромах, а дјавол не знал што он мислил и го провел покрај друга црква, да види дали ќе да се пак обрне каде црквата. А тој, како видел црквата отворена, затрчал се и скоро влезнал у неја и паднал на земља пред икона Богоматери и се бил у груди и викал и от срце воздихал со слзи: „Владичице мира пресвјатаја Богородице, скоро помози ми и избави мја от руки дјаволски. Многу можеш, Всецарице, помози ми преокајаному.“ И така се молил на многу време сос големо сокрушение и плач.

А дјавол пред црквата многу чинил калабал’к и му рекл: „Ја идем, неверне, ме пади Мариа, ама твое писмо што си писал ја го чувам и ќе да ти го покажем на страшен суд, зашто си се со своја волја отрекл от Христа“. Това рекл дјавол и не се видел а Агапиа сос голем плач се молил, сакал милост, и така дошел, и ум му се занел от труд и плач. И видел пречистују Богородицу пред себе и му рекла: „Ти си се отрекл от сина моего, — што си влегл у црквата, што тражиш веќе у мојата црква?“ А он отговорил смирено и сос многу страх: „О пресвјатаја Владичице, нели за грешници твој син се мучил, и ја се познавам зашто сам големо беззаконие учинил (и така поменувал многу грешнии што биле). А син твој простил ги, — оште тебе немале таква помоштница, а он простил ги. Мене да ме приимеш, Владичице, колку сакаш можеш да испросиш у сина твоего.“ Му рекла Владичица: „Зашто си се покајал от сичко сердце, те приимам, ама да не се јавиш неблагодарен у оваја голема благодет, ами да покажеш добра работа за покајание.“ Он и рекл: „И другиј дар сакам — да ми се даде таја книга што дадох на дјавола, да   ми  ја дадеш.“Отговори му Богородица: „Во славу сина моега и Бога, да ти биде тебе и това.“

И чу се глас сос фучање на воздух, и говори дјавол: „Ако си ти мати правди, не чини такваја неправда, о Владичице, да не ми земаш ового што ми се записал со своја крв.“ Отговори Владичица: „Враже истини, секиј пат лажеш, а сега право говориш да јесм мати правди. Затова сакам да учиним праведниј суд, да истргнем создание сина моего от твои руки. Не е право ти да ги држиш.“

Чул това Агапиа и се зарадувал и се освестил како от глубокиј“ сон и видел своје рукописание у руки свои. Многу се зарадувал; и сите кои видели и чули таково чудо. Това се чуло по сичкио свет. Това дошло у уши блаженному Лву Папи Римскому, и пратил и довели Агапиа, и видел това писание, и заповеда да биде по сите церкви благодарение Богу и Богоматери. И многу човеци, кои имале секаквии грехове, се покајале, фанале да се надејат на пресвјатаја Богородица. А Агапиа се учинил калуѓер и се покајал како му заповедала Богомати, јејаже молитвами, амин.

од Јоаким Крчовски