Sunday, 24 September 2017

Споменичката целина Кокино

О Д Л У К А

ЗА НОМИНИРАЊЕ НА

СПОМЕНИЧКАТА ЦЕЛИНА

„АРХЕО-АСТРОНОМСКИ ЛОКАЛИТЕТ-КОКИНО“

ЗА ДОБИВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТ СТАТУС

Член 1
Споменичката целина „Архео-астрономски локалитет – Кокино“, заштитена како културно наследство од
особено значење со Одлука на Владата на Република Македонија за прогласување на споменичката целина
„Архео-астрономски локалитет-Кокино“ за културно наследство од особено значење бр. 51-615/1 од
26.01.2010 година се номинира на Списокот на светско наследство, согласно со Конвенцијата за заштита на
светското културно и природно наследство („Службен весник на СФРЈ“ бр. 56/74).
Член 2
Се задолжува Министерството за култура – Управа за заштита на културното наследство да изврши номина-
ција на споменичката целина „Архео-астрономски локалитет – Кокино“ на списокот на светско наследство.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република
Македонија“.

Бр. 51-619/1 Заменик на претседателот
26 јануари 2010 година на Владата на Република
Скопје