Monday, 23 October 2017

МИА: Посетата на Слим ја става Македонија на светската мапа на земји добри за инвестиции

Скопје, 1 април 2012 (МИА) – Посетата на Карлос Слим најбогатиот бизнисмен во светот на Македонија ја стави уште еднаш државата на светската мапа на земји коишто се добри за инвестиции, а неговите пофалби за економските политики на Владата, остварувањеата во изминатите неколку години и рангирањето веќе шест години по ред меѓу најдобрите земји во светот реформатори според Дуинг бизнис и најниските даноци во Европа се поттик за Владата.
Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансиии Зоран Ставрески по средбата на Слим со владиниот економски тим предводен од премиерот Никола Груевски.
– Задоволство е уште еднаш да се каже дека ваков крупен финансиски магнат е присутен во Македонија. Првпат во овие 20 години  имаме можност најбогатиот бизнисмен во светот да ја посети Македонија. И тоа е уште еден доказ дека она што го работиме на економски план на полето на подобрување на бизнис климата за домашните и странските инвеститори не останува незабележано. Напротив, и најголемите светски инвеститори и најбогатите светски бизнисмени се почесто ја посетуваат Македонија и тоа е начин како приказната за Македонија како добра  дестинација за инвестиции  а со тоа и отворање на нови работни места да се прошири низ светот и да имаме се повеќе позитивни моменти како што е отворањето на нови инвестиции не само во Скопје туку и во цела РМ. Сето тоа укажува дека РМ е се попривлечна за странските инвеститори и оти претстојат подобри времиња и отворање на нови работни места, рече Ставревски.
На средбата со Слим станало збор и за потенцијалните инвестициски проекти кои Владата на РМ им ги нуди на странските инвеститори и тоа  во делот на енергетиката како Вардарската долина во областа на недвижностите како изградба на големи станбени комплекси во касарната Илинден, Сончев град во туристичките развојни зони во Охрид, Преспа и Дојран. Биле презентирани и проектите во делот на можностите за инвестирање во рударството, како и за приватизација на државни компании како Тутунскиот комбинат, и во делот на инфраструктурните проекти кои се однесуваат на изградбата на автопати на коридорите 8 и 10, железничката линија кон Бугарија и слично.
– Нашата цел беше Слим да добие претстава за вкупните потенцијали на РМ, за оние крупни проекти  за коишто настојуваме да привлечеме странски инвестиции. Неговото присуство во РМ е проследено од буквално сите светски медиуми. Слим е човек кој каде и да се појави предизвикува внимание и тоа ќе помогне Македонија да добие поголем профил и да биде позиционирана подобро на светската мапа на инвестициите што целосно се вклопува во нашите напори и она што го правиме преку посета на земји, каде што исто така пред бизнисмени ги презентираме инвестициските можности, рече Ставрески.
На новинарско прашање тој изјави дека според искажувањата на Слим Македонија на добар начин ја има поставено бизнис климата, амбиентот за инвестиции е добар, а она што земјата го нуди како најатрактивен даночен пакет во Европа е посебно почитувано од негова страна. Според неговите зборови, со вакви политики,  рече Ставревски, Македонија може да очекува во иднина зголемен обем на инвестиции.
Најголем интерес финансискиот магнат искажал за неколку проекти од областа рударството, енергетиката  и приватизацијата на државни компании. Но вели бидејќи станува збор за негова прва посета не би можело да кажат повеќе детали околу тоа.
– Ефектите и влијанието на неговата посета на МК треба да се гледаат на директен и на индиректен начин. Директниот начин е тоа што тој е присутен тука и можеби, и неговиот личен и директен интерес за некои од проектите  за коишто денеска зборувавме, но уште повеќе да ја искористиме мрежата  на познанства со крупни инвеститори, која што ја има Слим бидејќи ако тој лично за одреден проект не е заинтересиран  тогаш може да заинтересира други инвеститори кои би биле заинтересирани за нив. Така што на директен и на индиректен начин Македонија ќе има големи ефекти од оваа посета, оцени Ставрески.