Tuesday, 21 November 2017

2 април – меѓународен ден на детската литература

Во чест на роденденот на холандскиот автор на книги за деца, Ханс Кристијан Андерсен, 2 април се празнува како светски ден на детската литература. Секоја година различна земја е домаќин на ова празнување. Лани беше Естонија, а годинава е Мексико. Во Македонија, издавачката куќа Вермилион го одбележува овој ден годишно со настан во МКЦ.

Еве што напишал мексиканскиот автор Francisco Hinojosa – домаќин на официјалната веб – страна на светската организација: Во дамнешни времиња постоеше една земја полна со митови, приказни и легенди кои што се предавале од колено на колено низ вековите, споделувајќи ја нивната идеја за креацијата, поврзувајќи се со историјата, споделувајќи го културното богатство, фрлајќи искри на љубопитност и овозможувајќи насмевки на лицата. Исто така, беше земја каде што многу малку граѓани имаа пристап до книги. Но, оваа историја веќе почна да се променува. Денес, приказните допираат до секое далечно ќоше на мојата држава. Според читателите, овие приказни ја исполнуваат нивната улога за креирање како на општеството, така и на семејствата, создавајќи индивидуи кои што имаат поголеми шанси да си ја најдат среќата.